Prijavi problem

Известувања

Отворен ден на Средното општинско стручно училиште „Илинден“

Средното општинско стручно училиште „Илинден“ во сабота на 22.04.2017 година од 10:00 до 13:00 часот, ќе организира „Отворен ден“ на кој родители и заинтересирани ученици од  завршните одделенија од основните училишта на кои им претстојат уписи за прва година, ќе имаат можност да се запознаат со просторните и материјалните ресурси со кои располага  училиштето.

Литературна манифестација „Илинден 2017“

Општина Илинден во насока на промовирање на современите културни достигнувања, од 18 до 22 април 2017 година, во Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден, ќе ја организира 18-та Литературна манифестација „Илинден 2017“.

Манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение“ во Општина Илинден

На 13-ти април (четврток) 2017 година, во периодот од 10:00 до 14:00 часот Општина Илинден ја организира 11-та по ред традиционална Манифестација ,,Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение”. Оваa оригинална  и единствена од ваков вид манифестација која што истовремено ги обединува образованието, културата, уметноста, традицијата и религијата ќе се одржи во Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден.

Изложба „Уметниците и Велигден” во Домот на култура „Илинден“

По повод големиот христијански празник Христовото Воскресение- Велигден, на  05.04.2017 г. (среда) со почеток во 13:00 часот, во Домот на култура „Илинден” ќе биде отворена изложбата „Уметниците и Велигден”, на Климе Коробар.

Концерт на унгарската музичка ѕвезда Аги Хершку и Антонија Гиговска во Домот на култура „Илинден“

На 31 март (петок) со почеток во 19:00 часот, во Домот на култура „Илинден” концерт ќе одржи унгарската музичка ѕвезда Аги Хершку и нејзината група, која во својата музика ја негува љубовта кон унгарската традиција и фолклорот.

Изложба и концерт на гости од Унгарија во Домот на култура „Илинден“

На 31 март (петок) со почеток во 19:00 часот, во домот на култура „Илинден” концерт ќе одржи унгарската музичка ѕвезда Аги Хершку и нејзината група, која во својата музика ја негува љубовта кон унгарската традиција и фолклорот.

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА - Урбан Блок 2 од Урбанистички план вон населено место за дел од стопански комплекс Илинден Урбан блок 1, 2, 3 и 4

Врз основа на член 22 од Законот за локалнатa самоуправа (Сл.весник на Р.М. бр.5/02), a во врска со член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на Р.М. бр.199/14, бр.44/15, бр.193/15, бр.217/15, бр.31/16 и бр.163/16), Градоначалникот на општина Илинден го дава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

Известување - локален пат Миладиновци-Текија-Дељадровци

Се известуваат граѓаните од н.м Текија и н.м Дељадровци дека на ден 24.03.2017 г. заради асфалтирање на локалниот пат Миладиновци-Текија-Дељадровци, за сообраќај ќе биде затворен делот на патот од мостот кај ОКТА, до влезот на н.м Текија.

Редовна 58-та седница на Советот на Општина Илинден

На14.03.2017  година (вторник ) со почеток во 13:00 часот, Советот на Општина Илинден ќе ја одржи 58-та редовна седница. Седницата ќе се  одржи во  конференциската сала на Домот на култура „Илинден“, со следниот дневен ред:

Традиционален Осмомартовски концерт на Ансамблот „Илинден“ и Мартија Станојковиќ, во Домот на култура „Илинден

По повод меѓународниот Ден на жената 8-ми Март, на 06.03.2017 година (понеделник), со почеток во 20:00 часот, во Домот на култура „Илинден“ ќе се одржи традиционалниот Осмомартовски концерт. Членовите на Ансамблот за народни песни и ора „Илинден“ со богата културно-уметничка програма, исполнета со сплет традиционални македонски песни и ора на припадничкиоте на понежниот пол ќе им го честитаат Денот на жената 8-ми Март.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013