Prijavi problem

Инфо

19.06.2013 |

Следни 20 парцели во локалитет Јака на електронско наддавање

Општина Илинден објави отуѓување на нови 20 градежни парцели по пат на електронско јавно наддавање, наменети за изградба на станбени куќи за индивидуално домување. Градежните парцели се наоѓаат во новата населба Јака, која што се наоѓа на само 10 километри од центарот на главниот град, се простира на површина од 28 хектари и опфаќа 500 парцели за изградба на семејни куќи, трговски центар, хотелско сместувачки капацитети, забавен парк, спортски терени и простор за собир.

07.06.2013 |

Бесплатна членарина за првите 200 ученици и студенти од Општината

Со цел да го приближи пишаниот збор, пред се до најмладите, за првите 200 ученици и студенти што ќе се зачленат во „Општинската библиотека Илинден” годишната членарина ќе биде на трошок на Општина Илинден.

20.05.2013 |

Објави во тек: Мај - отуѓување на 20 парцели за изградба на семејни куќи во локалитетот Јака

Општина Илинден продолжи со отуѓување на градежни парцели по пат на електронско јавно наддавање. Во тек е објава на 20 градежни парцели за изградба на станбени куќи за индивидуално домување во новата населба Јака.Новата населба се наоѓа на само 10 километри од центарот на главниот град, се простира на површина од 28 хектари и опфаќа 500 парцели за изградба на семејни куќи, трговски центар, хотелско сместувачки капацитети, забавен парк, спортски терени и простор за собирГолемиот интерес што беше пројавен за овие градежни парцели само уште еднаш покажа дека Општина Илинден останува атрактивна дестинација за многумина инвеститори, но и посакувано катче за домување.Во текот на минатата 2012 година 117 градежни парцели во новата населба Јака стекнаа свои сопственици. Со продажба на парцелите наменети за семејно домување во станбени куќи, Општината има намера да им се излезе во пресрет на оние што го немаат решено станбеното прашање, да можат да дојдат до градежна парцела на која ќе изградат сопствена куќа.

17.04.2013 |

„Wi-fi“ зони со бесплатен интернет во сите 12 населени места во Општина Илинден

 

Со воведување на „wi-fi“ зона во Домот на култура „Ајватовци“, Општина Илинден комплетно го реализираше проектот  за  воспоставување на 12 „wi-fi“ зони со слободен пристап на безжичен интернет во сите населени места. „Wi-fi“ зоните, на кои граѓаните ќе можат да користат бесплатен интернет се лоцирани во новoизградените и реконструирани домови на културата во населените места што беа опфатени со капиталниот проект “10 Домови на културата“.

 

02.04.2013 |

Од 1 септември се воведува средно образование во Општина Илинден

Стартот на новата учебна година во Општина Илинден ќе биде одбележан со уште еден голем успех во областа на образованието. Од први септември годинава, благодарејќи на изградбата на новото модуларно училиште, во Општина Илинден за прв пат се воведува средно образование.

28.03.2013 |

Изградба на фекална канализација во Кадино

Општина Илинден продолжува со реализација на капиталниот проект Изградба на фекална канализација за прифаќање и третман на отпадните води. Во текот на денешниот ден се работеше на кракот од канализациониот систем што почнува на улица „11“ во н.м.Кадино, а чија должина изнесува 2.800 метри. Средствата за изградба на овој крак од фекалната канализација се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски, како грант од Европска инвестициона банка.

29.01.2013 |

Стојановски: Илинден станува лидер по инвестиции и вложувања

 

Работевме неуморно, не штедејќи се во ниту еден момент. Нашата цел беше јасна, да се подобри  квалитетот на живеењето на жителите од сите дванаесет населени места. Илинден станува лидер по инвестиции и вложувања, за што сведочи и големиот број компании, кои веќе станаа составен дел од работењето и пулсирањето на општината. Така ќе продолжиме и во иднина.

10.01.2013 |

Интервју за Курир со градоначалникот Стојановски: Економски силната општина Илинден пред нови предизвици

Инвестицискиот циклус што беше карактеристичен за општина Илинден во изминатите неколку години со несмалено темпо продолжи и во изминатата 2012 година. Градоначалникот Жика Стојановски во интервјуто за Курир истакна дека во општината се отворија голем број нови работни места, а стапката на невработеност е намалена.

10.01.2013 |

Минатата година отуѓени 136 градежни парцели - следните објави по завршувањето на локалните избори

Во текот на минатата 2012 година преку електронско јавно наддавање Општина Илинден отуѓи 136 градежни парцели, со вкупна површина од 226.937 метри квадратни. 

Најголем беше интересот за градежните парцели во новата населба за домување Јака, за која заинтересираност пројавија не само жители на Општина Илинден, туку и од соседните општини, но и од многу градови ширум Република Македонија.

04.01.2013 |

Излезе новогодишниот двоброј на Општинскиот информатор „Илинден“

Целосната електронска верзија на Општинскиот Информатор „Илинден“ број 18-19, Декември може да го најдете на следниот ЛИНК

PDF Формат ЛИНК

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013