Prijavi problem

Инфо

04.07.2013 |

АКТИВНОСТИ НА ОПШТИНА ИЛИНДЕН ВО ОБЛАСТА НА СОЦИЈАЛНАТА ПОЛИТИКА

Активностите во областа на социјалната политика во Општина Илинден овој период се насочени кон давање помош на социјално ранливите групи на семејства и лица, се со цел намалување и ублажување на екстремната сиромаштија преку четири вида можности:

03.07.2013 |

Нова објава за 25 градежни парцели во новата елитна населба Јака

Општина Илинден објави продажба на уште 25 парцели за изградба на станбени куќи по пат на електронско јавно наддавање во новата населба „Јака“. На заинтересираните овој пат им се нудат градежни парцели со големина од 351 до 521 метри квадратни. Почетната цена на огласеното земјиште изнесува 148 денари од метар квадратен, а пријавите за учество треба да се достават до 22 јули.

26.06.2013 |

Општина Илинден објави продажба на 22 парцели за домување

Општина Илинден објави оглас за продажба на 22 парцели наменети за изградба на станбени куќи по пат на електронско јавно наддавање. Површините се различни од 378 до 614 метри квадратни. Почетната цена е 148 денари по метар квадратен со чекор на надавање од 15 денари.

25.06.2013 |

Општина Илинден се трансформира од „економски тигар“ во „економско-инвестициски лав“

Општина Илинден е една од општините каде што најмногу се гради и општина со изразена динамика во повеќе области, потврдено со статистички податоци и според други компаративни фактори.

Вака градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски го започна својот отчет за сработеното во изминативе месеци.
Следува интегрален текст од денешната прес-конференцијата на градоначалникот Стојановски.

19.06.2013 |

Следни 20 парцели во локалитет Јака на електронско наддавање

Општина Илинден објави отуѓување на нови 20 градежни парцели по пат на електронско јавно наддавање, наменети за изградба на станбени куќи за индивидуално домување. Градежните парцели се наоѓаат во новата населба Јака, која што се наоѓа на само 10 километри од центарот на главниот град, се простира на површина од 28 хектари и опфаќа 500 парцели за изградба на семејни куќи, трговски центар, хотелско сместувачки капацитети, забавен парк, спортски терени и простор за собир.

07.06.2013 |

Бесплатна членарина за првите 200 ученици и студенти од Општината

Со цел да го приближи пишаниот збор, пред се до најмладите, за првите 200 ученици и студенти што ќе се зачленат во „Општинската библиотека Илинден” годишната членарина ќе биде на трошок на Општина Илинден.

20.05.2013 |

Објави во тек: Мај - отуѓување на 20 парцели за изградба на семејни куќи во локалитетот Јака

Општина Илинден продолжи со отуѓување на градежни парцели по пат на електронско јавно наддавање. Во тек е објава на 20 градежни парцели за изградба на станбени куќи за индивидуално домување во новата населба Јака.Новата населба се наоѓа на само 10 километри од центарот на главниот град, се простира на површина од 28 хектари и опфаќа 500 парцели за изградба на семејни куќи, трговски центар, хотелско сместувачки капацитети, забавен парк, спортски терени и простор за собирГолемиот интерес што беше пројавен за овие градежни парцели само уште еднаш покажа дека Општина Илинден останува атрактивна дестинација за многумина инвеститори, но и посакувано катче за домување.Во текот на минатата 2012 година 117 градежни парцели во новата населба Јака стекнаа свои сопственици. Со продажба на парцелите наменети за семејно домување во станбени куќи, Општината има намера да им се излезе во пресрет на оние што го немаат решено станбеното прашање, да можат да дојдат до градежна парцела на која ќе изградат сопствена куќа.

17.04.2013 |

„Wi-fi“ зони со бесплатен интернет во сите 12 населени места во Општина Илинден

 

Со воведување на „wi-fi“ зона во Домот на култура „Ајватовци“, Општина Илинден комплетно го реализираше проектот  за  воспоставување на 12 „wi-fi“ зони со слободен пристап на безжичен интернет во сите населени места. „Wi-fi“ зоните, на кои граѓаните ќе можат да користат бесплатен интернет се лоцирани во новoизградените и реконструирани домови на културата во населените места што беа опфатени со капиталниот проект “10 Домови на културата“.

 

02.04.2013 |

Од 1 септември се воведува средно образование во Општина Илинден

Стартот на новата учебна година во Општина Илинден ќе биде одбележан со уште еден голем успех во областа на образованието. Од први септември годинава, благодарејќи на изградбата на новото модуларно училиште, во Општина Илинден за прв пат се воведува средно образование.

28.03.2013 |

Изградба на фекална канализација во Кадино

Општина Илинден продолжува со реализација на капиталниот проект Изградба на фекална канализација за прифаќање и третман на отпадните води. Во текот на денешниот ден се работеше на кракот од канализациониот систем што почнува на улица „11“ во н.м.Кадино, а чија должина изнесува 2.800 метри. Средствата за изградба на овој крак од фекалната канализација се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски, како грант од Европска инвестициона банка.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013