Prijavi problem

Инфо

16.10.2013 |

Свечено отворање на холандската фабрика за работна и заштитна облека „ВПТЕКС Македонија“ во Општина Илинден

Денес, 16.10.2013 година (среда) во 14.30 часот во Општина Илинден на свечен начин ќе биде предадена во употребаФабриката за производство на работна и заштитна облека „ВПТЕКС Македонија“, на холандската компанија Van Puijenbroek Textiel.

05.10.2013 |

Општина Илинден успешно ја реализираше акцијата „Македонија без отпад 2013“

Oпштина Илинден и годинава успешно ја реализираше големата еколошка акција Македонија без отпад“ со расчистување на отпадот на две локации. Се чистеше крај локалниот пат кај излезот од Миладиновци кон автопатот, меѓу пругата и патот, како и во локалната економска зона Марино-Кадино. 

28.09.2013 |

Бесплатни проекти за изградба на куќи во новата населба Јака

Општина Илинден ќе понуди дополнителна поволност за инвеститорите во новата населба за индивидуално домување Јака - бесплатни проекти за изградба на семејни станбени куќи.

Со цел населбата да добие што поубав лик, но и да се олесни работата на администрацијата, како и да се забрза постапката за издавање на градежни дозволи по електронски пат на инвеститорите ќе им бидат понудени 4 типа на проекти за куќи со различни димензии, без никаков надоместок во постапката за издавање одобрение за градење. Со прифаќање на еден од овие 4 бесплатни проекти Општина Илинден им овозможува на инвеститорите да заштедат до 1.000 евра колку што обично чини изработката на ваквите проекти. 

28.09.2013 |

Објава: 6 парцели за изградба на семејни куќи во н.Илинден

Општина Илинден на електронско јавно наддавање понуди 6 парцели за изградба на станбени куќи за индивидуално домување во локалитетот „Образовно-спортски центар Илинден-Марино“.

28.09.2013 |

Гласање за избор на најдобра фотографија со мотиви од Општина Илинден

Почитувани,

Ве информираме дека на официјалната фан страница на Општина Илинден на Facebook се поставени најдобрите 30 фотографии кои пристигнаа на конкурсот за избор на најдобра фотографија со мотиви од Општина Илинден.

24.09.2013 |

Електронско јавно наддавање за нови 10 парцели од локалитетот Јака

Во тек е објавата за електронско јавно наддавање за уште 10 парцели од локалитетот Јака со површина од 400 до 500 м² наменети за изградба на станбени куќи за индивидуално домување. Пријавите за учество за електронското јавно наддавање треба да се достават до 15.10.2013 година.

12.09.2013 |

Окта донираше нова компјутерска опрема во средното стручно училиште Илинден

Компанијата Окта донираше 18 нови персонални компјутери и еден сервер со кои ќе се опреми Кабинетот по информатика во новото средно стручно училиште во Илинден. Оваа донација на најмодерна технолошка опрема, вредна повеќе од 10 000 евра, ќе им овозможи на децата кои ќе учат тука подобри наставни услови  за стекнување на нови знаења и вештини. 

09.09.2013 |

Септемвриска Објава за новата населба „Јака“

Нова објава за парцели во новата населба „Јака“ со  намена за изградба на А1- домување во станбени куќи со компатибилни класи на намени: Б1, В1 и Д3. По пат на електронско јавно наддавање - Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 02.10.2013 година. Во прилог се наоѓа табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежната парцела, намената на градежната парцела, вкупната површина на градежната парцела,  површина за градење, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, почетна цена по м², вкупна почетна цена и депозит за учество на јавното наддавање. 

06.09.2013 |

Општина Илинден домаќин на велосипедистите од „Тура околу Македонија“

Велосипедистите кои учествуваат во настанот "Тура околу Македонија" и кои во изминатите 6 дена го промовираат велосипедизмот низ цела Македонија, денеска пристигнаа во посета на Општина Илинден како последно место за настап. Со бурни аплаузи и поддршка велосипедистите беа пречекани од страна на градоначалникот Жика Стојановски, како и бројната публика која дојде да ги поздрави.

23.08.2013 |

Од први септември се воведува средно образование во Општина Илинден

Стартот на новата учебна година во Општина Илинден ќе биде одбележан со уште еден голем успех во областа на образованието. Од први септември годинава, благодарејќи на изградбата на новото модуларно училиште, во Општина Илинден за прв пат се воведува средно образование.

Исполнети се квотите за двете паралелки за електротехничка струка, информатика, комуникациска технологија и автоматика.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013