Prijavi problem

Инфо

01.04.2014 |

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски: Општина Илинден е пример што треба да го следат и другите општини

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски, го посети првото средно стручно училиште „Илинден“ во Општина Илинден. За време на посетата, во друштво на градоначалникот Жика Стојановски, тој се запозна со условите за работа во училиштето во кое во две паралелки за електротехничка струка, електроника и телекомуникации и  компјутерска техника и автоматика се образуваат 63 ученици, а за идната учебна 2014/2015 година е предвидено да учат 68 ученици.

25.03.2014 |

Бесплатни четири проекти за изградба на семејни куќи

Општина Илинден обезбеди бесплатни проекти за изградба на семејни куќи за сите оние што на јавните електронски наддавања успеаја да обезбедат градежни парцели за индивидуално домување во населбата Јака, како и во другите делови на Општината.

Сите заинтересирани инвеститори, секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот во Општината можат да се запознаат со четирите проекти за станбени објекти, што беа избрани на распишаниот конкурс и да го одберат оној што најмногу им одговара.

10.03.2014 |

ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО ОПШТИНА ИЛИНДЕН ГО РАЗДВИЖИЈА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ

Во последниве триесеттина  дена објавени се огласи за нови 280 слободни работни места, во компании и фирми од реалниот сектор со седиште во општина Илинден, чии инвестиции се  лоцирани во локалните економски зони и ТИРЗ во Бунарџик, од агенцијата за вработување на Република Македонија.  Новоотворените работни места се однесуваат на повеќе профили на занимања, каде може да конкурираат лица со одредени професии, вештини и знаења, и со различен степен на образование.

20.01.2014 |

„Рурални доктори“ во Општина Илинден

Министерството за здравство на Република Македонија и Општина Илинден од 20 јануари ќе почнат со реализација проектот „Рурални доктори“. Во рамките на проектот лекарски екипи од Министерството за здравство ќе вршат бесплатни лекарски прегледи на граѓаните од сите 12 населени места во Општина Илинден.

17.01.2014 |

Се бара плац повеќе за изградба на семејни куќи во населбата Јака

На првото електронско јавно наддавање во 2014 година Општина Илинден отуѓи нови 13 градежни парцели за изградба на семејни куќи за индивидуално домување. Сопственик доби и една парцела наменета за групно домување со површина од 2.872 м2, што се наоѓа во локалната економска зона „Ограѓа“ на влезот на Општина Илинден. 

Градежните парцели за изградба на семејни куќи, пак, се наоѓаат во населбата Јака, која што се наоѓа на само 10 километри од центарот на главниот град а се простира на површина од 28 хектари и опфаќа 500 парцели за изградба на семејни куќи, трговски центар, хотелско сместувачки капацитети, забавен парк, спортски терени и простор за собир. Парцелите се со поединечна површина од 400 до 500 м2.

30.12.2013 |

На Тринаесеттата редовна седница на Советот усвоени повеќе годишни програми

На својата Тринаесетта редовна седница Советот на Општина Илинден донесе Одлука за усвојување на годишната Програма за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Илинден за 2014 година, како и Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Илинден за 2014 година.

30.11.2013 |

Прес-конференција на градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски

Користејќи ги нашите располжливи потенцијали, искуства, знаења и капацитети, целосно се насочивме кон реализација на ветените 111 проекти од Изборната Програма за периодот од 2013-2017г., со цел обезбедување на одржлив економско-социјален рамномерен развој и просперитетна иднина на целокупното население во Општина Илинден.

14.11.2013 |

Заеднички проект на Општина Илинден и ОКТА за чистење на дел од каналската мрежа

Општина Илинден и компанијата Окта ја продолжуваат досегашната успешна соработка на повеќе полиња. Најновиот заеднички проект е чистење на дел од отворените одводни канали. Компанијата ОКТА донираше над 600.000  денари наменети за чистење на каналската мрежа на дел од секундарниот канал Азмак, што минува низ населеното место Кадино, во должина од 2.000 метри. Чистењето го врши јавното претпријатие Водостопанство „Скопско Поле“-Скопје, кое што е надлежно за одржување на каналската мрежа.

05.11.2013 |

Генералниот директор на Џонсон Мети во Бунарџик во интервју со Курир.мк

Џатин Такрар, генерален директор на Џонсон Мети во Македонија, фабриката која произведува катализатори е задоволен од успешноста на инвестициите во нашата земја и верува дека успешната приказна во Македонија ќе продолжи и со втората фабрика. Во однос на прашањето за идните инвестиции, тој во интервју за Курир вели дека за тоа „ќе треба да видиме каква е побарувачката за нашите призводи и да се осигураме дека имаме успех со нашите проширувања“. Во секој случај, тој нагласува дека доколку планираат идни инвестиции повторно ќе ја земат во превид нашата земја.

30.10.2013 |

Нова објава за 9 градежни парцели во новата населба Јака

Во тек е објавата за електронско јавно наддавање за уште 9 парцели од локалитетот Јака со површина од 400 до 500 м² наменети за изградба на станбени куќи за индивидуално домување. Пријавите за учество за електронското јавно наддавање треба да се достават до 25.11.2013 година.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013