Prijavi problem

Инфо

03.06.2015 |

Пуштен во употреба енергетско-ефикасен систем за греење и ладење како дел од Проектот „Енергетска ефикасност во Јавните општински установи“

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и градоначалникот Жика Стојановски, во Домот на култура „Илинден“, во Општина Илинден, во присуство на голем број граѓани го предадоа во употреба енергетско-ефикасниот систем за греење и ладење со користење на алтернативни, обновливи извори на енергија, кој претставува завршен сегмент како дел од Проектот „Енергетска ефикасност во Јавните општински установи“.

07.04.2015 |

Прес конференција на градоначалникот на Општина Илинден, м-р Жика Стојановски - Капитални инвестиции во училишта, градинка, амбуланта

Капиталните инвестиции во областа на образованието, предучилишната возраст, здравството, се наша трајна определба во насока на подобрување на условите за живеење, квалитетот на животот и животниот стандард на жителите во сите 12 населени места во пштина Илинден. Инвестирањето во училишта, градинка, амбуланта е наш приоритет во оваа 2015 година.

06.03.2015 |

Нови урбанистички планови во Општина Илинден

Општина Илинден во текот на овој месец интензивно работи на донесување на нови урбанистички планови за населените места Илинден, Марино и Кадино, со важност во наредните 10 години, со вкупна површина од 700 хектари.

27.02.2015 |

Прес на градоначалникот на Општина Илинден, м-р Жика Стојановски: Во патната инфраструктура ќе бидат вложени над 100 милиони денари

Во текот на 2015 година планирана е изградба, реконструкција и рехабилитација на 16 километри локални улици и патишта, изградба и реконструкција на 10 сообраќајни и пешачки мостови за премини преку каналскиот систем и поврзување на локалната патна инфраструктура, и 5 километри пешачки и велосипетски патеки.

За реализација на проектите во делот на општинската патна инфраструктура, ќе бидат инвестирани повеќе од 100 милиони денари.

25.02.2015 |

Отворена ликовна изложба на Живка Коцева-Караџовска

Во домот на култура „Илинден” се одржа отворањето на изложбата на ликовниот уметник Живка Коцева-Караџовска. Изложени се околу 30 дела кои се дел од нејзиното творештво, за кое свое излагање имаше академскиот уметник Новица Трајковски.

31.12.2014 |

Објавен новиот број на општинскиот информатор „Илинден“

Објавен нов број на Општинскиот информатор „Илинден“

25.12.2014 |

3 aтрактивни локации за влез на нови инвестиции во Општина Илинден

Општина Илинден објави нови 3 атрактивни локации на градежно земјиште, со намена Г2 - лесна и незагадувачка индустрија.

Право на учество на јавното наддавање имаат физички и правни лица кои што ќе достават Пријава за учество во електронско јавно надавање. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 23.01.2015 година до 16:00 часот. 

24.12.2014 |

Бесплатни курсеви за возрасни во рамките на КЕЦ „Илинден“

Културно Едукативниот Центар „Илинден“ веќе десет години ја извршува својата едукациска дејност во рамките на општина Илинден.

13.11.2014 |

Нови шест инвестиции во вредност од 10 милиони евра и 500 вработувања во Општина Илинден

Нови шест, од кои две странски дирекни инвестиции (СДИ), ќе влезат во Општина Илинден. На последното електронско јавно наддавање во октомври, за отуѓување на градежно земјиште во локалните економски зони во Општина Илинден, компаниите „МАН импортер“ и „Атлантиц траде“, од Хрватска и домашните фирми „Мобико“, „Кам фуд“ и „Тотал логистик“ се стекнаа со градежни парцели на кои ќе ги изградат своите стопански објекти.

12.11.2014 |

Конкурс за Изработка на идејно решение за уредување на дворот на Домот на култура „Илинден“, под наслов ”Галерија на отворено”

Со цел уредување на просторот односно дворот на Домот на култура во населба Илинден, кој треба да соодејствува и соодветствува на намената на објектот, како и да обезбеди максимална функционалност со нагласени естетски и уметнички вредности, Општина Илинден распиша конкурс за идејно решение за уредување на дворот на Домот на култура-Илинден под наслов „Галерија на отворено”.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013