Prijavi problem

Инфо

16.10.2012 |

ОБЈАВИ ВО ТЕК: Октомври - јавно електронско наддавање на првите парцели за изградба на нова населба за домување "Јака"

Општина Илинден почна со отуѓување на првите парцели од предвидените 500 во рамките на реализацијата на Проектот за изградба на нова населба за домување на локалитетот Јака.

Во наредниот период континуирано ќе се отуѓуваат градежни парцели наменети за домување, хотелско сместувачки капацитети и трговски центар. 

16.08.2012 |

ОБЈАВИ ВО ТЕК: АВГУСТ - ЛОКАЛИТЕТ ГП 1.33/Марино

 ОБЈАВА за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање за изградба на А1-семејно домување во станбени куќи

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Урбанистички план за дел од село Марино,  дел од блок 28 – Локалитет 13 измена и дополна, усвоено со Одлука бр.07-464/2 од 13.03.2009 година, со  намена за изградба на А1-семејно домување во станбени куќи согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежната  парцела, намената на градежната парцела, вкупната површина на градежната парцела, површина за градење, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, почетна цена по м², вкупна почетна цена и депозит за учество на јавното наддавање.

17.07.2012 |

ОБЈАВИ ВО ТЕК: ЈУЛИ - Локалитет Карагач, Урбан блок 6

 

ОПШТИНА ИЛИНДЕН ОБЈАВА

за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање за комерцијални и деловни намени – големи трговски единици Б2

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Измена и дополна на Урбанистички план вон населено место за производство, сервиси, комерцијални и деловни намени, Локалитет Карагач, Урбани блокови 5, 6 и 9, Општина Илинден донесен од Советот на општина Илинден  со Одлука  број 07-1196/3 од 10.06.2010 година, со  намена: Комерцијални и деловни намени – големи трговски единици Б2, согласно Табеларниот преглед во кој се дадени податоци за градежната  парцела, намената на градежна парцела, вкупна површина на градежна парцела, дозволена вкупна изградена површина на приземје, дозволена вкупна изградена површина на сите нивоа, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, почетна цена по м², вкупна почетна цена и депозит за учество на јавното наддавање
02.07.2012 |

Објави во тек: Јули - Урбан блок 29 локалитет 14

ОБЈАВА за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање за изградба на Г2-лесна и незагадувачка индустрија со компатибилни класи на намени Г3, Г4, Б1 и Д2

02.07.2012 |

Стратешки план за ЛЕР на Општина Илинден 2012-2016 година

Општина Илинден во соработка со мисијата на ОБСЕ во Скопје, го изработи новиот Стратешки план за Локален економски развој за периодот 2012-2016 година, што имате можност да го преземете од нашиот веб сајт.

14.05.2012 |

Објави: Мај/Јуни

ОБЈАВА за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање за изградба на Г2-лесна и незагадувачка индустрија со компатибилни класи на намени Г3, Г4, Б1 и Д2

22.03.2012 |

Буџет на Општина Илинден за 2012 година

Буџетот на Општина Илинден за 2012 година е усвоен на 41-та Седница на Советот на Општина Илинден и ги содржи планираните приходи на буџетот за 2012 година и планираните проекти за реализација од Буџетот во 2012 година. 

14.03.2012 |

Презентација - Можности за инвестирање

Во насока на продолжување и интензивирање на економскиот раст и развој на Општина Илинден се организираше Форумот за Локален Економски развој на Општината, каде што пред присутните стопанственици се презентираше 3Д анимација за можности за инвестирање во Општина Илинден.

24.02.2012 |

Извештај за економскиот развој во 2011 година “52 проекта за 52 недели!“

Согласно својата зацртана програма, Општина Илинден продолжува да ги следи сите достигнувања во областа на светот на компјутерите. Отсега па натаму сите печатени изданија на Општина Илинден што ги објавуваме и во електронска форма ќе можете да ги прегледувате на сосема нов начин, што ќе ви го долови задоволството како да читате обичен печатен весник. 

16.02.2012 |

Календар на културни активности во Општина Илинден за 2012 година

 

Во текот на 2012 година следуват следни културни активности, манифестации и други свечености:

 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013