Prijavi problem

Заклучоци, мерки и препораки на Општински кризен штаб - Илинден

Објавено на: 14.04.2020 - 09:58

Заклучоци , мерки и препораки на Општински кризен штаб - Илинден

 

Во врска со потребата од преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење и спречување на внесување на Коронавирусот COVID-19, при состојба на Пандемија, состојба на ширење на заразна болест, и согласно донесените Одлуки на Владата за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, како и следење на тековите во локалната економија, Општинскиот кризен штаб - Илинден ги донесе следниве  препораки, мерки и решенија:

  1. Ги повикуваме сите граѓани на почитување и спроведување на одлуките, мерките и препораките на Владата и Главниот координативен кризен штаб  како и Министертството за здравство, во врска со КОВИД-19;
  2. Одлуки, мерки и препораки од седниците на Влада и државните здравствени институции, ќе бидат систематизирани и поставени на web-страната на општина Илинден www.Ilinden.gov.mk  со цел дополнителна информација на граѓаните; - ДИРЕКТЕН ЛИНК ТУКА
  3. Се препорачува да се смалат социјалните контакти на минимум, за време на забраната и посебниот режим на движење да останеме во своите домови, како би се избегнало ширењето на вирусот и да добиеме на време, односно, за пократок период да се надмине состојбата на пандемија;
  4. Задолжително почитување на социјална дистанца, пред маркети, аптеки, филијали на банки, и внатре во просториите. Претставува голем ризик и опасност по здравјето ако не се одржува потребната дистанца;
  5. Се задолжуваат одговорните лица на филијалите на банките и маркетите, да постават редари пред банките и маркетите, за спроведување на препораките за социјално дистанцирање;
  6. Општинскиот кризен штаб определи економски оператори, маркети, Деби маркет 4 Кадино, Деби маркет 7 Мралино, Мавит Виолета ДООЕЛ Миладиновци, на нивно барање, од каде ќе се обезбедуваат најнеопходните намирници, за време на забраната и посебниот режим на движење, а економските оператори кои се регистрирани да вршат достава на храна преку он-лајн порачки, можат непречено да ја извршуваат својата работа за време на забраната на движење и во деновите сабота и недела.Доколку се јават и пројават интерес и други економски оператори ,маркети, ресторани, да се издадат и нови дозволи;
  7. Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи;
  8. Социјално загрозени семејства да се опфатат со помош во соработка со Црвениот крст;
  9. Да се спроведе дезинфекција и дератизација во сите јавни објекти и шахти,согласно Програмата за заштита на населението од заразни болести;
  10. Се  задолжуваат јавните комунални претпријатија да ги интезивираат активностите за зголемување на јавната чистота и хигиена на јавни површини;
  11. Се задолжува ЈКП Илинден да продолжи со реализација на планот за спроведување дезинфекција на сите улици и јавни површини на територијата на општина Илинден, и да врши дополнителна дезинфекција на контејнерите за комунален отпад;
  12.  Одделението за инспекциски надзор да изврши контроли над јавната чистота на јавните и зелените површини, хигиена и уредноста на дворовите на сопствениците, заедничките простории во колективните објекти за домување – згради, и да доставува дневни детални извештаи од извршените контроли, кои мерки се преземени, против кои лица (со име и презиме) и во кој период;

13 Април 2020

Општински кризен штаб - Илинден

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013