Prijavi problem

Водици 2017

Објавено на: 13.01.2017 - 13:33

Општина Илинден по повод претстојниот православен празник Богојавление (Водици), во соработка со свештениците од црквата „Свети Константин и Елена“, и годинава традиционално по деветти пат oрганизира положување на крстот во езерото на хотел Белви, во населба Илинден.

По тој повод се повикуваат граѓаните на 19.01.2017 г. (четврток) со почеток во 12:00 часот, да присуствуваат на оваа манифестација и заеднички да го одбележиме овој голем ден за сите христијани.

Сите заинтересирани што сакаат да учествуваат во фаќањето на крстот можат да се пријават во просториите на црквата „Св. Константин и Елена“, во населба Илинден.

За најсреќниот учесник што ќе успее да го фати Богојавленскиот крст, обезбедени се пригодни подароци.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013