Prijavi problem

Во тек е втората ларвицидна дезинсекција за уништување на ларви од комарци

Објавено на: 27.04.2017 - 12:21

Согласно Елаборатот за спроведување на превентивна дезинсекција за спречување и сузбивање на вектор преносливи заболувања, во тек е втората  ларвицидна дезинсекција на водни површини за уништување на ларви од комарци на површина од 50 ха.

Со третирањето се опфатени сите водни површини на отворените одводни канали (главни, секундарни и терцијални) во сите населени места, како и речното корито на Сува Река и вештачката акумулација во Бучинци.

Целта на третирањето е спречување на развојот на ларвите од комарци и спречување на појава од заразни болести и инфекции, а дезинсекцијата се врши со течно еколошко средство кое е безопасно по здравјето на луѓето, одобрено и пуштено во промет од Бирото за лекови.

Во рамките на Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општината за 2017 година, Општина Илинден продолжува да ги спроведува и  сите други мерки за дезинсекција, дератизација и дезинфекција.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Отчет 2013-2017
ilinden.gov.mk © 2013