Prijavi problem

Во домот на култура „Марино“ ќе биде отворена изложба на уметниците од Општина Илинден

Објавено на: 26.05.2017 - 13:56

Во галеријата на новоизградениот Дом на култура „Марино“, на 29 мај 2017 година (понеделник) со почеток во 12.00 часот ќе биде отворена изложба на дела на уметниците од Општина Илинден.

На оваа втора ваква изложба ќе учествуваат уметници од Општина Илинден, без оглед дали професионално или, аматерски се занимаваат со сликарство, копаничарство вајарство...Љубителите на уметноста ќе имаат можност да видат повеќе дела на авторите Блаже Донев, Славе Кочовски, Зоран Трпевски, Сара Трајковска, Катерина Трајковска, Ненад Божиновски, Аце Ѓорѓиевски, Снежана Колевска, Виолета Јовановска, Елена Стојаноска и Новица Трајковски.

Првата заедничка изложба на уметниците од Општина Илинден која предизвика голем интерес, се одржа во декември минатата година, во Домот на култура „Илинден“.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Спортски викенд „Илинден 2017“
ilinden.gov.mk © 2013