Prijavi problem

Усвоен Стратешкиот план за локален економски развој на Општина Илинден 2017-2021

Објавено на: 13.12.2017 - 16:14

Советот на Општина Илинден  на својата трета редовна седница  го усвои Стратешкиот план за локален економски развој на Општина Илинден 2017-2021, во кој се посочени капиталните проекти и проектни активности со конкретен акционен план за развој на Општината во наредниот четиригодишен период.

Во Стратешкиот план за локален економски развој на општина Илинден за периодот 2017-2021, се идентификуваа стратешките области за развој: локален економски развој, образование и наука, култура, спорт и млади, урбанизам, комунална инфраструктура, животна средина, социјална, здравствена заштита и безбедност и транспортна инфраструктура.

Ова е третиот Стратешки план за ЛЕР што во континуитет го носи општина Илинден во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Општина Илинден ги изготви и со 90 отсто успешност ги реализираше Стратешкиот план за локален економски развој на општина Илинден 2006 – 2011 година и Стратешкиот план за локален економски развој на општина Илинден 2012 – 2016 година, клои исто така беа изготвени со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје .

Изготвувањето на Стратешкиот план се реализираше преку организирање на 4 работилници на работните групи составени од претставниците на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, од граѓани, невладини организации, здруженија на граѓани, претставници на бизнис секторот, советниците на општина Илинден, како и претставници од јавните општински институции.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013