Prijavi problem

УСВОЕН БУЏЕТ НА ОПШТИНА ИЛИНДЕН ЗА 2008 ГОДИНА

Објавено на: 12.07.2009 - 20:57

Советот на Општина Илинден на својата 37 седница го усвои Буџетот на Општина Илинден за 2008 година кој изнесува 195.969.240,00 денари.

Висината на овој Буџет е најголем во 11 годишното постоење на општина Илинден и со самиот факт дека општината е една од 42 општини во Република Македонија која успешно влезе во втората фаза од процесот за фискалана децентрализација.

Планираните извори на приходи од кои ќе се финансираат расходите на Општина Илинден во Буџетот за 2008 се од:

Даночните приходи кои изнесуваат 42% односно 82.214.526,00 денари и се најголемо учество во ппланираните приходи преку кои се гледа колкава е способноста на општината да ги собере сопствените приходи особено даноците на имот кои претсавуваат фискален капацитет на општината.

Неданочните приходи со 6% односно 11.952.360,00 денари кои се составени од приходи од вадини услуги при што треба да се обрне внимание на остварување на приходи на административните такси кои исто така претставуваат значаен приход на општината.

Капиталните приходи со 12,80% односно 25.000.000,00 денари, се приходи кои врз основа на Законот за градежно земјиште треба да се слеат во буџетот на општината.

Трансфери и донации со 39,20% односно 76.802.354,00 денари кои претставуваат основа за финансирање на функциите на општината и каде во делот на трансфери се предвидени средства за остварување на надлежностите во основното образование.

Капиталните расходи во најголем дел се однесуваат кон отпочнување на градежните работи за изградба на Систем за одведување и прочистување на отпадни води односно фрекална канализација, изградба и реконструкција на улици и патишта и сообраќајна сигнализација, изградба на Дом на култура, детска градинка, изградба на спортски терени, набавка на урбана опрема, заштита на животна средина и природа, заштита и спасување од поплави и пожари како и уредување на градежно земјиште.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Инвестициските патишта водат кон општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013