Prijavi problem

Традиционален Осмомартовски концерт на Ансамблот „Илинден“ и Мартија Станојковиќ, во Домот на култура „Илинден

Објавено на: 03.03.2017 - 17:00

По повод меѓународниот Ден на жената 8-ми Март, на 06.03.2017 година (понеделник), со почеток во 20:00 часот, во Домот на култура „Илинден“ ќе се одржи традиционалниот Осмомартовски концерт. Членовите на Ансамблот за народни песни и ора „Илинден“ со богата културно-уметничка програма, исполнета со сплет традиционални македонски песни и ора на припадничкиоте на понежниот пол ќе им го честитаат Денот на жената 8-ми Март.

Специјален гостин на вечерта ќе биде новата македонска музичка ѕвезда Мартија Станојковиќ, која минатата година ја претстатвуваше Македонија на детската „Евровизија“ во Малта. Според музичките експерти, со своите квалитети Мартија прераснува во една од најголемите македонски и балкански музички ѕвезди пред која е блескава кариера.

Причина повеќе сите љубители на добрата музика, особено припадничките на понежниот пол да бидат дел од овој несекојдневен мастан.     

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Спортски викенд „Илинден 2017“
ilinden.gov.mk © 2013