Prijavi problem

Тортијада „Слатка мистерија 2018“ во општина Илинден

Објавено на: 09.02.2018 - 16:03

Општина Илинден на 16.02.2018 година (петок), во домот на култура Илинден ќе биде домаќин и покровител на традиционалната 12-та по ред Тортијада „Слатка мистерија 2018“, што се организира во соработка со Хуманитарната организација Ангелчиња – ХОА.

Тортијадата на која ќе учествуваат аматери и професионалци слаткари, претставници на неколку општини, ќе се реализира во два дела-ревијален што ќе почне во 16:30 часот и официјален дел што ќе почне во 20:00 часот.

Средствата собрани од лицитацијата на тортите ќе бидат наменети за хуманитарното Здружение на граѓани и лица со хендикеп „Илинден“, од општина Илинден, а манифестацијата ќе биде проследена со богата културно-уметничка програма.

По тој повод, Општина Илинден ги поканува сите заинтересирани граѓани, слаткарници и ресторани со изработка на свои торти да земат активно учество во оваа хуманитарна манифестација со што сите заедно ќе покажеме дека хуманоста не познава градници.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2018“
ilinden.gov.mk © 2013