Prijavi problem

Соопштение - Јавна презентација Блок 22

Објавено на: 23.01.2017 - 14:13

Врз основа на член 22 од Законот за локалнатa самоуправа (Сл.весник на Р.М. бр.5/02) и член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на Р.М. бр.199/14, бр.44/15, бр.193/15, бр.217/15, бр.31/16 и бр.163/16), Градоначалникот на општина Илинден го дава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

за организирање на јавна презентација и јавна анкета по Измена

и дополнување на урбанистички план за Илинден–Блок 22 со разработка на Блок 22 општина Илинден

плански период 2016-2026 Предлог план

Се известуваат физичките и правните лица од конкретното подрачје опфатено со Измена и дополнување на урбанистички план за Илинден–Блок 22 со разработка на Блок 22 општина Илинден плански период 2016-2026 Предлог план, субјектите кои ги вршат работите од областа на заштита на животната средина, заштита на културното наследство, заштитата и спасувањето, здравствената заштита, социјалната заштита, образованието, земјоделието, водостопанството, транспортот и врските, воздухопловството, безбедноста, јавните патишта и субјектите надлежни за изградба и одржување на сообраќајна, водоводна, канализациона, електроенергетска, телекомуникациска, топловодна и гасоводна инфраструктура дека Градоначалникот на општина Илинден донесе Решение за организирање

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

по Измена и дополнување на урбанистички план за Илинден – Блок 22

со разработка на Блок 22 општина Илинден плански период 2016-2026

Предлог план

Јавната презентација и јавната анкета по Измената и дополнување на урбанистички план за Илинден – Блок 22 со разработка на Блок 22 општина Илинден плански период 2016-2026 Предлог план ќе се спроведе во електронска форма преку информациски систем е-урбанизам  и во писмена форма со излагање на предлог планот на јавно место во просториите на општина Илинден, во просториите на Дом на култура Илинден и на општинската интернет страница www.ilinden.gov.mk.

Јавната анкета ќе трае 5 (пет) работни дена односно од 27.01.2017 година  до 03.02.2017 година.

Соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета е објавено во јавните гласила и во информацискиот систем е-урбанизам.

Јавната презентација ќе се одржи на 30.01.2017 година (понеделник), со почеток во 13:30 часот во просториите на општина Илинден.

Во споменатиот рок, заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, субјектите кои ги вршат работите од областа на заштита на животната средина, заштита на културното наследство, заштитата и спасувањето, здравствената заштита, социјалната заштита, образованието, земјоделието, водостопанството, транспортот и врските, воздухопловството, безбедноста, јавните патишта и субјектите надлежни за изградба и одржување на сообраќајна, водоводна, канализациона, електроенергетска, телекомуникациска, топловодна и гасоводна инфраструктура можат да доставуваат забелешки и предлози на анкетни листови, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.

Измена и дополнување на урбанистички план за Илинден – Блок 22 со разработка на Блок 22 општина Илинден плански период 2016-2026 Предлог план е изработен од Друштво за планирање, проектирање и инженеринг ТАЈФА ПЛАН ДОО Скопје со седиште на ул.“Васил Главинов „бр.3-2/8 Скопје, со технички број  068/09/16 од  декември 2016 година.

Целта на изработка на урбанистичкиот план е следна:

-Урбанизирање во рамките на планскиот опфат согласно постојната законска регулатива, усогласување на градежните парцели со ажурураната состојба во рамките на предложениот опфат, при што се врши и усогласување на планирањето со најновите стандарди и нормативи за уредување на просторот.

-Планирањето во рамките на опфатот да се развива и насочува според потребите и барањата на корисниците на земјиштето во локалитетот и Општина Илинден.

Со постигнување на наведените цели се добива потребна функционално- просторна организација на просторот и соодветен квалитет на живеење и користење на истиот.

Границата на планскиот опфат е прикажана во графичките прилози и е дефинирана на следниот начин:

- На север по оската на сервисна улица „Н3“,

- На исток по оската на индустриска улица „Н9“,

- На југ по оската на индустриска улица „Н28“,

- На запад по оската на индустриска улица „Н7“.

Границата на планскиот опфат ги има следните координати:

X=4650279.9429 Y=7547233.2960

X=4650232.5341 Y=7547226.1547

X=4650186.6509 Y=7547220.1877

X=4650174.1164 Y=7547218.0993

X=4650130.1197 Y=7547465.7536

X=4650139.5144 Y=7547468.1628

X=4650198.5185 Y=7547483.2934

X=4650224.1034 Y=7547383.5216

X=4650206.8485 Y=7547485.0660

Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 5,32ха.

ПРИЛОГ:

Анкетен лист

Синтезен план

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Спортски викенд „Илинден 2017“
ilinden.gov.mk © 2013