Prijavi problem

Ракометен турнир во спортската сала “Гоце Делчев“

Објавено на: 22.12.2017 - 10:51

На 23-ти и 24-ти декември, во спортската сала “Гоце Делчев“ во населба Илинден ќе се одигра младински ракометен турнир што е во организација на ракометната школа Илинден-Вардар, која е дел од академијата на Вардар и од нивниот проект наречен “Јуниор“ лига.

На турнирот ќе учествуваат седум ракометни школи, кои ќе се натпреваруваат во три различни возрасни категории и тоа родени 2004/05, 2006/07 и најмалите кои ќе се натпреваруваат во мини ракомет, генерација родени 2008 и помали дечиња.

Покрај домаќинот РК Илинден – Вардар, на турнирот ќе учествуваат и Балтепе-Вардар (Тетово), Карпош-Вардар (Куманово), Бисинов-Вардар (Велес), РК Аеродром, РК Шампион-Вардар и РК Урдаревски-Вардар од Скопје.

Свеченото отворање на турнирот, чиј покровител е градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, e закажано за 11:00 часот.

Организаторите најавуваат квалитетен турнир, што е покана за љубителите на ракометот да ја наполнат спортската сала “Гоце Делчев“.

 

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2018“
ilinden.gov.mk © 2013