Prijavi problem

Проект: Телефонот ѕвони два пати

Објавено на: 12.07.2009 - 22:14

Општина Илинден стартуваше со проектот "Телефонот ѕвони два пати" отворена телефонска линија број 2571 703.

Со највеќе две ѕвонења на телефонот се овозможува информирање, консултирање, партиципација и учество на јавноста, како и обезбедување на повратни информации и одговори од страна на локалната самоуправа.

Проектот "Телефонот ѕвони два пати"  обезбедува достапност, побрз и подиректен контакт, активно информирање на граѓаните и претставува мотивација за континуирано идентификување на проблемите и земање во предвид и вреднување на барањата и сугестиите на граѓаните од локалната заедица.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013