Prijavi problem

Проект „Со зеленило против загадувањето“

Објавено на: 01.03.2017 - 15:34

Како дел од континуираните активности за заштита на животната средина Општина Илинден во текот на месец март ќе го реализира проектот „Со зеленило против загадувањето“.

Проектот ќе почне да се реализира на 02.03.2017 година (четврток), со почеток во 12:00 часот, на пешачко-велосипедската патека Марино-Кадино, каде што ќе се изврши озеленување на патеката, со засадување на листопадни и зимзелени садници.

Со активностите од проектот за озеленување се опфатени 20 локации на површина 60 000 м2, каде што е предвидено да бидат засадени 1000 садници.

Целта на овој проект е преку озеленување на јавните површини во урбаниот дел на Општината, односно покрај пешачко-велосипедските патеки, општински улици и патишта, домовите на култура, училиштата, детска градинка и спортските терени да придонесе за подобрувањето на квалитетот на воздухот, унапредувањето на животната средина, како и подобрување на условите за живеење и квалитетот на живот во локалната заедница.

Во реализацијата на овој проект ќе бидат вклучени граѓани, ученици, младинци, пензионери, бизнис секторот, општинските комунални претпријатија и општинската администрација.

 

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013