Prijavi problem

Предавање во употреба на Домот на културата во н.м. Текија

Објавено на: 18.11.2011 - 16:50

Bо сабота (19.11.2011 г.) во 12 часот, на свечен начин ќе биде предаден во употреба реконструираниот  и дограден Дом на културата во населено место Текија.

Изградбата на овој дом на култура, со површина од 60 метри квадратни е дел од капиталниот проект на Општина Илинден “10 Домови на културата“, во рамките на кој, покрај изградбата на Домот на Културата во нас. Илинден што е во завршна фаза, опфатена е и реконструкција и санација на сите домови на културата во Општината.

Во рамките на Проектот “10 Домови на културата“ досега се реконструирани и предадени во употреба домовите на културата во населените места Кадино, Мршевци, Бујковци и Бучинци.

Изградбата на Домот на културата во населеното место Текија чинеше  еден милион и сто илјади денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.

 

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Граѓаните на општина Илилнден активно вклучени во креирањето на буџетот за 2020 година
ilinden.gov.mk © 2013