Prijavi problem

Предавање во употреба на Домот на културата во Бујковци

Објавено на: 19.07.2011 - 11:18

На 20.07.2011 (среда) со почеток во 19.30 часот на свечен начин ќе биде предаден во употреба реконструираниот Дом на културата во населеното место Бујковци. 

Санирањето и обновувањето на Домот на културата во Бујковци е дел од капиталниот проект на Општина Илинден “10 Домови на културата“. Во рамките на овој проект веќе се комплетно реконструирани и предадени во употреба домовите на културата во населените места Кадино, Мршевци и Бучинци. Во тек е изградбата на Новиот Дом на културата во населба Илинден, а при крај е и реконструкцијата на Домот на културата во населеното место Текија.

Домот на културата во Бујковци, со површина од 132 метри квадратни е изграден во шеесеттите години на минатиот век, а неговото неодржување придoнесе да ја загуби првобитната намена, односно поради лошата состојба во која се наоѓа да биде вон употреба.

Со неговото обновување граѓаните добиваат простории каде што имаат услови да реализираат голем број на активности, меѓусебно да се дружат, да организираат разни средби и состаноци... 

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013