Prijavi problem

Отворен ден на Средното општинско стручно училиште „Илинден“

Објавено на: 20.04.2017 - 08:27

Средното општинско стручно училиште „Илинден“ во сабота на 22.04.2017 година од 10:00 до 13:00 часот, ќе организира „Отворен ден“ на кој родители и заинтересирани ученици од  завршните одделенија од основните училишта на кои им претстојат уписи за прва година, ќе имаат можност да се запознаат со просторните и материјалните ресурси со кои располага  училиштето.

Исто така, тие ќе имаат можност да се запознаат и со дел од раководниот и наставниот кадар, да подигнат рекламен материјал, да се информираат за  профилите што се изучуваат во училиштето, за наставните планови и програми, како и за условите и критериумите за упис на ученици во учебната 2017/2018 година, но  и за сѐ останато што би ги интересирало.

Подетални информации на тел. 02/2552-320

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Отчет 2013-2017
ilinden.gov.mk © 2013