Prijavi problem

Отворање на 19. Литературна манифестација „Илинден 2018“ и промоција на книгата „Триптих за Македонија“ на Раде Силјан

Објавено на: 14.05.2018 - 13:26

На 15 мај (вторник) 2018 година, со почеток во 19:00 часот, во домот на култура „Илинден“ во општина Илинден, на свечен начин ќе биде отворена 19. Литературна манифестација „Илинден 2018“. Манифестацијата свечено ќе ја отвори градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски.

Во рамките на отворањето ќе се одржи промоција на книгата „Триптих за Македонија“ од Раде Силјан. Промотивна реч ќе одржи писателот Ефтим Клетников, а стихови ќе интерпретираат Антонио Павловски, Ели Маказлиева и Анита Бошкова.

За музичкиот дел од отворањето ќе биде задолжен Марјан Јанкоски и „Портал“.

Во рамките на манифестацијата што ќе трае до 19. мај, ќе се одржат повеќе културни настани, промоции на книги, портрети и средби со писатели, изложба, како и традиционалното Литературно матине на кое ќе настапат повеќемина писатели за деца и млади. Под мотото „Денови на книгата“ ќе се одржи саем на книгата, каде што љубителите на пишанот збор ќе можат да се запознаат со најновите изданија.

Централен настан на годинешната Литературна манифестација е Поетскиот митинг „Стихови за душата“ што ќе се случи на 18 мај, со почеток во 19:00 часот, со настап на триесеттина писатели од Македонија и странство.

Повеќе информации за манифестацијата ТУКА

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2018“
ilinden.gov.mk © 2013