Prijavi problem

Оглас за Јавна расправа за Окта Рафинерија на нафта АД Скопје

Објавено на: 16.06.2011 - 12:34

Се информира јавноста дека инсталацијата ОКТА Рафинерија на нафта АД Скопје, н.м. Миладиновци, општина Илинден, 1000 Скопје, дека согласно член 95 став 1 и член 135, член 108 став 1 и 2 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/2010, 124/2010 и 51/2011) и согласно член 5 став 1 од Уредбата за определување на активностите на инсталациите за кои се издава интегрирана еколошка дозвола, односно дозвола за усогласување со оперативен план (службен весник на РМ 89/2005) достави Барање до Министерство за животна средина и просторно планирање за добивање на А дозвола за усогласување со оперативен план. По завршување на целосната процедура МЖСПП изготви Нацрт А дозвола за усогласување со оперативен план за ОКТА Рафинерија на нафта.

Инсталацијата ОКТА е Рафинерија на нафта и се занимава со производсво на нафтени деривати.

Јавната расправа ќе се одржи во просториите на основното училиште “Браќа Миладиновци“ н.м. Миладиновци, Општина Илинден на ден 22.06.2011 година (среда) со почеток во 16:00 часот.

Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат во јавната расправа и да ги дадат своите коментари во однос на Нацрт А дозволата за ОКТА Рафинерија на нафта,  која е достапна на Веб страната на општина Илинден ilinden.gov.mk и во просториите на Општината, а исто така ќе биде достапна и на денот на Јавната расправа.

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Спортски викенд „Илинден 2017“
ilinden.gov.mk © 2013