




Оџачарски услуги
Објавено на: 27.11.2018 - 14:13
Во рамките на активностите на Општина Илинден за обезбедување поквалитетни услуги за своите жители веќе четири години во ЈКП „Илинден“ работи служба која што нуди оџачарски услуги. Оџачарските услуги кои се од големо значење за жителите на Општина Илинден, кои што се греат на дрва, јаглен или масло за домаќинства ги извршуваат стручно обучени и лиценцирани лица за оваа дејност. Оџачарската услуга подразбира чистење и контрола на уредите за спроведување на чад и опремата за ложење, со што се овозможува нормално функционирање на оџаците, димоводните уреди и огнишните објекти. Со оглед на тоа што неисчистените оџаци не само што го загадуваат воздухот туку се и потенцијална опасност за настанување на пожари, според експертите, куќните оџаци треба да се чистат два пати во текот на зимскиот период и еднаш штом ќе заврши греењето, за оџакот да биде подготвен за наредната грејна сезона. Сопствениците на домови и стопански субјекти кои што сакаат да ги искористат оџачарските услуги што ги нуди Општина Илинден треба директно да се јават на телефонскиот број 2572-671 на ЈКП „Илинден“ или, на Е-маил jkpilinden@yahoo.com и да закажат термин. |
LanguagesпребарувањеТеми во фокусот на вниманието
НастаниИзвестувања
ГалерииВидео
Континуирано инвестираме во подобар и поквалитетен живот за сите во општина Илинден
|
Остави коментар