Prijavi problem

Оџачарски услуги

Објавено на: 24.11.2016 - 11:50

Како дел од активностите на Општина Илинден во насока на обезбедување квалитетни услуги за своите жители, веќе две години во рамките на ЈКП „Илинден“ работи служба која што нуди оџачарски услуги. Воведувањето на оџачарската услуга подразбира чистење и контрола на уредите за спроведување на чад и опремата за ложење, со што се овозможува нормално функционирање на оџаците, димоводните уреди и огнишните објекти.

Оџачарските услуги што ги извршуваат стручно обучени и лиценцирани лица за оваа дејност од ЈКП „Илинден“, се од големо значење за жителите на Општина Илинден,  кои што се греат на дрва, јаглен или масло за домаќинства.

Со оглед на тоа што неисчистените оџаци не само што го загадуваат воздухот туку се и потенцијална опасност за настанување на пожари, со воведувањето на оваа услуга граѓаните не мораат сами да ги чистат оџаците, туку можат да ги користат услугите на професионалци со лиценци.

Според експертите, куќните оџаци треба да се чистат дури два пати во текот на зимскиот период и еднаш штом ќе заврши греењето, за оџакот да биде подготвен за наредната грејна сезона.

Сопствениците на домови и стопански субјекти кои што сакаат да ги искористат оџачарските услуги што ги нуди Општина Илинден треба директно да се јават на телефонскиот број 2572-671 на ЈКП „Илинден“  или, на Е-маил jkpilinden@yahoo.com и да закажат термин.

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Спортски викенд „Илинден 2017“
ilinden.gov.mk © 2013