Prijavi problem

Нов софтвер за енергетска ефикасност и мониторинг за јавни објекти

Објавено на: 04.07.2011 - 11:44

Општина Илинден во соработка со УНДП и Министерството за животна средина и просторно планирање  го реализира проектот за употреба на новиот софтвер за енергетска ефикасност и мониторинг на јавните објекти.

Со овој софтвер се придонесува за поголема информираност и достапност на податоците во насока на градење на капацитетите поврзани со енергетската ефикасност во јавните установи, како и воспоставување на процес за намалување на потрошувачката на енергија во јавните установи и регулирање на загубите на енергија и емисиите на стакленички гасови.

Оштина Илинден успешно веќе реализираше еден проект во делот на енергетската ефикасност и заштеда на енергија во делот на образованието. Во ОУ “Браќа Миладиновци“ изграден е централен систем за греење со геотермални топлински пумпи, како дел од имплементирањето на проектите за заштеда на енергија, како и воспоставување на практика за примена на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

Истовремено, во осработка со Светска банка ќе се реализира нов проект во сферата на енергетската ефикасност во јавните општински установи. Станува збор за инсталирање на систем за греење со геотермални топлински пумпи во основното училиште “Гоце Делчев“ во нас. Илинден, Подрачното училиште во н.м. Марино и во детската градинка “Гоце Делчев“, преку примена на принципот на енергетски ефикасен систем за греење со користење на обновливи алтернативни извори на енергија и заштеда на енергијата. Проект што се реализира во соработка со Светска банка, а во рамките на проектот “Енергетска ефикасност во јавните општински установи“

 

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Спортски викенд „Илинден 2017“
ilinden.gov.mk © 2013