Prijavi problem

Манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение“ во Општина Илинден

Објавено на: 07.04.2017 - 07:41

На 13-ти април (четврток) 2017 година, во периодот од 10:00 до 14:00 часот Општина Илинден ја организира 11-та по ред традиционална Манифестација ,,Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение”. Оваa оригинална  и единствена од ваков вид манифестација која што истовремено ги обединува образованието, културата, уметноста, традицијата и религијата ќе се одржи во Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден.

Секој посетител на манифестацијата што ќе подари книга за возврат ќе добие црвено Велигденско јајце. Во чест на Двеилјадииседумнаесеттото лето Господово, симболично ќе бидат украсени 2017 Велигденски јајца.

Во изминатите десет години во манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение” што се одржува секоја година на Велик четврток, во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, вкупно се собрани 30.000 книги наменети за Општинската библиотека Илинден и библиотеките во основните училишта.

Општина Илинден, покрај поканата за учество на манифестацијата, ја користи можноста уште еднаш да им се заблагодари на сите досегашни учесници во „Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение“, кои што подарија книги, на преставниците од бизнис секторот, на повеќе издавачки куќи, научни институции и факултети, на учениците, како и на големиот број граѓани, кои со дарувањето книги го збогатија библиотечниот фонд на Општинската библиотека Илинден, давајќи голем придонес во афирмацијата и развојот на културата, образованието и науката.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013