Prijavi problem

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРА ФОТОГРАФИЈА

Објавено на: 06.06.2018 - 07:50

 

Општина Илинден распишува конкурс за избор на најдобра фотографија со мотиви од Општината, поради што ги поканува сите заинтересирани граѓани да конкурираат согласно со утврдените критериуми. Испратените фотографии ќе бидат искористени за промоција на општина Илинден.

Критериумите ги содржат следните точки:

  • Мотивите на фотографиите да се од општина Илинден (панорамски фотографии, знаменитости, економски зони, инфраструктура, јавни објекти, манифестации, спортски и културни настани...);
  • По желба на доставувачот, може да се доставуваат и дневни и ноќни фотографии на кои ќе биде наведена локацијата од фотографијата;
  • Доставените, односно пријавените фотографии да се во дигитален jpg или друг формат, со висока резолуција;
  • Фотографиите не треба да бидат постари од 1 година;
  • Секој учесник може да конкурира со максимум 5 фотографии;
  • Сите заинтересирани кандидати заедно со фотографиите со кои конкурираат треба да достават и контакт информации;
  • Општина Илинден го задржува правото за свои интерни потреби да ги користи сите пристигнати фотографии;
  • Општина Илинден ќе организира изложба за наградените фотографии во домовите на култура во сите населени места;

Конкурсот трае од денот на објавување во средствата за јавно информирање (06.06.2018 до 30.06.2018 година). По завршувањето на рокот за пријавување, ќе се формира специјална жири комисија која ќе ги разгледа сите пристигнати фотографии и ќе ги одбере 30 најдобри, кои потоа ќе бидат поставени на официјалната Фејсбук фан-страница на општина Илинден, каде што ќе може да се гласа. Гласањето ќе трае 30 дена.

На конкурсот ќе бидат доделени три награди за најдобра фотографија (прво, второ и трето место) според оценките на стручната жири комисија и 3 награди (прво, второ и трето место) според гласањето на официјалниот Ферјсбук профил на општина Илинден.

Наградите за првите места изнесуваат 25.000 денари, за вторите места 15.000 денари и за третите места 10.000 денари.

Општина Илинден ги охрабрува сите професионалци, аматери, ученици и сите оние што го сакаат фотографирањето да учествуваат со фотографии од своите приватни колекции во изборот на најфотографија која што ќе ја промовира општина Илинден. Ќе се оценуваат фотографии снимени само на територија на општина Илинден.

Секој кандидат своите фотографии треба да ги достави на ЦД или, да ги  испрати по меил на info@ilinden.gov.mk

Адресата на која треба да се достават предлог-фотографиите е:

Општина Илинден

Ул. „9“ бб, 1041 Илинден

Со назнака „За Конкурсот за најдобра фотографија“

Или лично, во Архивата на општина Илинден.

За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на телефонскиот број (02) 2571-703, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Континуирано инвестираме во подобар и поквалитетен живот за сите во општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013