Prijavi problem

Kампања „Топол дом без пожари“ во Општина Илинден

Објавено на: 13.12.2016 - 14:21

Општинскиот противпожарен сојуз „Илинден“ во соработка со Противпожарниот сојуз на Град Скопје во сите дванаесет населени места во Општина Илинден  ја почна кампањата „Топол дом без пожари“.

Членовите на секцијата „Млади пожарникари“ од основните училишта, пред поголемите маркети и ударните места каде што има поголема раздвиженост на  граѓани, делеа флаери со совети до жителите, укажувајќи им на потребата  да се посвети поголемо внимание на заштитата од пожари во домовите, за време на грејната сезона.

Како дел од кампањата, младите пожарникари посетија повеќе домаќинства со цел да се укаже на опасностите кои може да настанат при несоодветна употреба на огревно дрво, нафта за домаќинства, гас и елекетрична енергија кои се користат за затополување на домовите.

Општинскиот противпожарен сојуз „Илинден“ истовремено апелира до граѓаните да дадат личен придонес за намалување на загаденоста на воздухот. За затоплување на своите домови да користат суви и чисти дрва и редовно да ги чистат оџаците, да не се користат недефинирани горива и отпадни материи од различни технолошки процеси.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013