Prijavi problem

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

Објавено на: 20.01.2020 - 10:29

Врз основа член 22 од Законот за локалната самоуправа (Сл.весник на Р.М.бр.5/02),а во врска со член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на Р.М.бр.199/14, бр.44/15, бр.193/15, бр.217/15, бр.31/16, бр. 16316 и бр.64/18,) Градоначалникот на Општина Илинден го дава следното  

 

С  О  О  П  Ш  Т  Е  Н  И  Е

 

Се известуваат физичките и правните лица од конкретното подрачје опфатено со     Урбанистички план вон населено место Илинден за изградба на стопански комплекс со основна класа на намена Г2 - лесна и незагадувачка индустрија – Ајватовски пат,  КО Илинден вон град, Општина Илинден, 2018 – 2028 со тех. број 33/17-У  од декември 2019 година, изработен од Друштво за проектирање, ревизија и надзор ЗУМ ПРОЕКТ ДОО Скопје како и субјектите кои ги вршат работите од областа на заштита на животната средина, заштита на културното наследство, заштитата и спасувањето, здравствената заштита, социјалната заштита, образованието, земјоделието, водостопанството, транспортот и врските, воздухопловството, безбедноста, јавните патишта и субјектите надлежни за изградба и одржување на сообраќајна, водоводна, канализациона, електроенергетска, телекомуникациска, топловодна и гасоводна инфраструктура, дека Градоначалникот на Општина Илинден донесе Решение за организирање 

 

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

 

Јавната анкета за Урбанистички план вон населено место Илинден за изградба на стопански комплекс со основна класа на намена Г2 - лесна и незагадувачка индустрија – Ајватовски пат,  КО Илинден вон град, Општина Илинден, 2018 – 2028 со тех. број 33/17-У  од декември 2019 година, изработен од Друштво за проектирање, ревизија и надзор ЗУМ ПРОЕКТ ДОО Скопје ќе се спроведе во електронска форма преку информациски систем е-урбанизам и со излагање на  предлог планот  на јавно место во просториите на Oпштина Илинден, во просториите на Дом на култура Илинден,  и на општинската интернет страница – www.ilinden.gov.mk 

Соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета е објавено во јавните гласила и во информацискиот систем е-урбанизам.

Јавната анкета ќе трае 5 (пет) работни дена од 24.01.2020 година до 30.01.2020 година.

Јавната презентација ќе се одржи на 30.01.2020 година (четврток), со почеток во 13,00 часот во просториите на Oпштина Илинден.    

Во споменатиот рок, заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, субјектите кои ги вршат работите од областа на заштита на животната средина, заштита на културното наследство, заштита и спасувањетo, здравствената заштита, социјалната заштита, образованието, земјоделието, водостопанството, транспортот и врските, воздухопловството, безбедноста, јавните патишта и субјектите надлежни за изградба и одржување на сообраќајна, водоводна, канализациона, електроенергетска, телекомуникациска, топловодна и гасоводна инфраструктира можат да доставуваат забелешки и предлози на анкетни листови, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.

Горе споменатата планска документација е изработена од Друштво за проектирање, ревизија и надзор ЗУМ ПРОЕКТ ДОО Скопје.

 

Целта на изработка на Урбанистичкиот план

Урбанистичкиот план вон населено место како основна цел ги има зацртано насоките на идниот просторен развој со создавањето на услови за планирање на организирани простори согласно законската регулатива, одредување на намени на градежни парцели со компатибилни класи на намена на основната класа на намена која е дефинирана со законска регулатива, планирање на површини за градба на објекти со нивна катност и максимална висина до венец, имајќи ги во предвид Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18) и Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.142/15, 217/15, 222/15, 228/15, 35/16, 99/16, 134/16, 33/17 и 86/17 и 86/18), приоритетните погодности и ограничувања преку анализата на постојната состојба и создавање на основна концепција за планираните површини со сообраќајни и инфраструктурни решенија.

 

Границите на планскиот  опфат се следни:

Просторот кој е предмет за изработка на Урбанистички план вон населено место Илинден за изградба на Стопански комплекс со основна класа на намена Г2-Лесна и незагадувачка индустрија– Ајватовски пат, КО Илинден-вгр, Општина Илинден, се наоѓа на територијата на Општина Илинден

Границата на планскиот опфат на Урбанистички план вон населено место Илинден за изградба на Стопански комплекс со основна класа на намена Г2-Лесна и незагадувачка индустрија– Ајватовски пат, КО Илинден-вгр, Општина Илинден е прикажана на графичките прилози и истатa со својата местоположба припаѓа на КО Илинден вон град, Општина Илинден.

Површината на планскиот опфат во рамки на опишаните граници изнесува вкупно 17,28 ha,односно 172776 m².

Границата на планскиот опфат може да се опише и преку координатите на прекршните точки со редни броеви од 1 до 90, а за секоја точка табеларно се дадени следните параметрите по Y и X координати:

Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во просториите на Општина Илинден, преку информацискиот систем e-urbanizam  и на општинската интернет страница.

 

ПРИЛОЗИ:

Анкетен лист - кликај тука (PDF)

Графички прилог - кликај тука (PDF)

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013