Prijavi problem

Јавна презентација и јавна анкета

Објавено на: 20.03.2019 - 10:59

Врз основа член 22 од Законот за локалната самоуправа (Сл.весник на Р.М.бр.5/02),а во врска со член 46 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на Р.М.бр.199/14, бр.44/15, бр.193/15, бр.217/15, бр.31/16, бр. 16316 и бр.64/18,) Градоначалникот на општина Илинден го дава следното  

 

С  О  О  П  Ш  Т  Е  Н  И  Е

 

Се известуваат физичките и правните лица од конкретното подрачје опфатено со Локална урбанистичко – планска документација со намена А4 – времено сместување, за формирање на градежна парцела на КП 4/8 и дел од КП 4/10 КО Кадино, Општина Илинден, како и субјектите кои ги вршат работите од областа на заштита на животната средина, заштита на културното наследство, заштитата и спасувањето, здравствената заштита, социјалната заштита, образованието, земјоделието, водостопанството, транспортот и врските, воздухопловството, безбедноста, јавните патишта и субјектите надлежни за изградба и одржување на сообраќајна, водоводна, канализациона, електроенергетска, телекомуникациска, топловодна и гасоводна инфраструктура, дека Градоначалникот на Општина Илинден донесе Решение за организирање

 

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

 

За  Локална урбанистичко – планска документација со намена А4 – времено сместување, за формирање на градежна парцела на КП 4/8 и дел од КП 4/10 КО Кадино, Општина Илинден ,  со тех. број 26-09/18 од јануари 2019 година, изработена  од ЧИП ГРОУП ДООЕЛ Скопје

Јавната анкета за Локална урбанистичко-планска документацијасо намена А4 – времено сместување, за формирање на градежна парцела на КП 4/8 и дел од КП 4/10  КО Кадино, Општина Илинден, со тех. број 26-09/18 од јануари 2019 година, изработена од ЧИП ГРОУП ДООЕЛ Скопје ќе се спроведе во електронска форма преку информациски систем е-урбанизам и со излагање на  предлог проектот  на јавно место во просториите на општина Илинден, во просториите на Дом на култура Илинден, Дом на култура Кадино  и на општинската интернет страница – www.ilinden.gov.mk 

Соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета е објавено во јавните гласила и во информацискиот систем е-урбанизам.

Јавната анкета ќе трае 5 (пет) работни дена од 26.03.2019 година до 01.04.2019 година.

Јавната презентација ќе се одржи на 29.03.2019година (петок), со почеток во 13,00 часот во просториите на општина Илинден.

Во споменатиот рок, заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, субјектите кои ги вршат работите од областа на заштита на животната средина, заштита на културното наследство, заштита и спасувањетo, здравствената заштита, социјалната заштита, образованието, земјоделието, водостопанството, транспортот и врските, воздухопловството, безбедноста, јавните патишта и субјектите надлежни за изградба и одржување на сообраќајна, водоводна, канализациона, електроенергетска, телекомуникациска, топловодна и гасоводна инфраструктира можат да доставуваат забелешки и предлози на анкетни листови, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.

 

Горе споменатата  Локална урбанистичко – планска документација  е изработена  од ЧИП ГРОУП ДООЕЛ – Скопје, со тех. број 26-09/18 од јануари 2019 година   година.

 

Целта на изработка на Локална урбанистичко – планска документација

    Цел на Локална урбанистичко планска документација со намена А4 – времено сместување, за формирање на градежна парцела на КП 4/8 и дел од КП 4/10 КО Кадино, Општина Илинден, е да се формира градежна парцела согласно Член 46 став 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање.

    Изградбата на комплекс градби со намена А4 – времено сместување ќе предизвика позитивни импулси и ефекти врз целото непосредно опкружување и од аспект на повисока организација и уреденост на просторот, инфраструктурна опременост, како и максимално почитување на нормативите и стандардите за заштита на животната средина.

    Предметниот плански  опфат се наоѓа јужно од село Марино и северно од село  Кадино, непосредно до границите на планските опфати на урбанистичките планови за двете села на КП 4/8 и дел од КП 4/10 КО Кадино, Општина Илинден.

 

 

 

Границите на планскиот  опфат се следни:

 

   На северо-запад  граничи со КП 4/7, KO Kадино,

   На северо-исток  граничи со дел од КП 5, КО Кадино,

   На југо-исток минува низ дел од КП 4/10, КО Кадино,

   На југо-запад се граничи со дел од КП 1631/1, КО Кадино.

 

   Прекршни  точки на границата на планскиот  опфат и координати се следни:

 

Ред. бр.                      X                                   Y

 

      1.               7549801.490                     4648429.840

      2.             7549889.390                   4648459.930

      3.             7549884.680                   4648464.820

      4.             7549644.220                   4648376.000

      5.             7549656.420                   4648328.210

      6.             7549666.859                   4648289.062

      7.             7549712.314                   4648301.911

      8.             7549795.365                   4648330.039

      9.             7549913.311                   4648378.977

    10.             7549914.070                   4648379.380

    11.             7549922.790                   4648394.660     

    12.             7549908.050                   4648419.060

 

Вкупната површина опфатена во рамките на опишаната граница на планскиот опфат изнесува 2,48 ha.

Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во просториите на Општина Илинден, преку информацискиот систем e-urbanizam  и на општинската интернет страница.

 

ПРИЛОЗИ:

Локална Урбанистичко-планска документација со намена А4 времено сместување, за формирање на градежна парцела на КП 4/8 и дел од КП 4/10  КО Кадино, Општина Илинден

 

Пошироко опкружување на Локална Урбанистичко-планска документација со намена А4 времено сместување, за формирање на градежна парцела на КП 4/8 и дел од КП 4/10  КО Кадино, Општина Илинден

 

Пошироко опкружување на Локална Урбанистичко-планска документација со намена А4 времено сместување, за формирање на градежна парцела на КП 4/8 и дел од КП 4/10  КО Кадино, Општина Илинден

 

АНКЕТЕН ЛИСТ

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Континуирано инвестираме во подобар и поквалитетен живот за сите во општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013