Prijavi problem

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

Објавено на: 06.11.2017 - 14:22

Врз основа на член 22 од Законот за локалнатa самоуправа (Сл.весник на Р.М. бр.5/02), член 51 став 10 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на Р.М. бр.199/14, бр.44/15, бр.193/15, бр.217/15, бр.31/16 и бр.163/16) a во врска со член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на Р.М. бр.199/14, бр.44/15, бр.193/15, бр.217/15, бр.31/16 и бр.163/16), Градоначалникот на општина Илинден го дава следното

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Се известуваат физичките и правните лица од конкретното подрачје опфатено со Архитектонско урбанистички проект за уточнување на градежна парцела 6.12 за кп

891/4, 891/5, 891/6 и 891/7, КО Илинден во Општина Илинден, со намена Б2-големи трговски единици, субјектите кои ги вршат работите од областа на заштита на животната средина, заштита на културното наследство, заштитата и спасувањето, здравствената заштита, социјалната заштита, образованието, земјоделието, водостопанството, транспортот и врските, воздухопловството, безбедноста, јавните патишта и субјектите надлежни за изградба и одржување на сообраќајна, водоводна, канализациона, електроенергетска, телекомуникациска, топловодна и гасоводна инфраструктура дека Градоначалникот на општина Илинден донесе Решение за организирање

 

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

по Архитектонско урбанистички проект за уточнување на градежна парцела 6.12 за кп 891/4, 891/5, 891/6 и 891/7, КО Илинден во Општина Илинден, со намена Б2-големи трговски единици

 

Јавната презентација ќе се одржи на 15.11.2017 година (среда), со почеток во 15:00 часот во просториите на општина Илинден.

Јавната анкета по Архитектонско урбанистички проект за уточнување на градежна парцела 6.12 за кп 891/4, 891/5, 891/6 и 891/7, КО Илинден во Општина Илинден, со намена Б2-големи трговски единици, ќе се спроведе во електронска форма преку информациски систем е-урбанизам и со излагање на предлог планот на јавно место во просториите на општина Илинден, во просториите на Дом на култура Илинден и на општинската интернет страница www.ilinden.gov.mk.

Јавната анкетa ќе трае 5 (пет) работни дена сметано од денот на објавувањето на ова Соопштение, секој работен ден од 08 до 16 часот.

Архитектонско урбанистички проект за уточнување на градежна парцела 6.12 за кп 891/4, 891/5, 891/6 и 891/7, КО Илинден во Општина Илинден, со намена Б2- големи трговски единици, е изработен од Друштво за трговија, производство, градежништво,  услуги  и  консалтинг  ЧИП  ГРОУП  ДООЕЛ  увоз-извоз  Скопје    со

 

седиште на ул.Костурски Херои бр. 15-1/1А 1000, Скопје, со технички број 29-06/2017

од јули 2017.

Предмет на Архитектонско урбанистички проект за уточнување на градежна

парцела 6.12 за кп 891/4, 891/5, 891/6 и 891/7, КО Илинден во Општина Илинден, со намена Б2-големи трговски единици според Извод од УПВНМ, е уточнување на границите на градежната парцела 6.12, планирана со Урбанистички план вон населено место за производство, сервиси , комерцијални и деловни намени, Локалитет Карагач, урбани блокови 5,6 и 9 Општина Илинден Плански период 2008-

2018 год. Одлука бр.07-1196/3 од 10.06.2010г.

 

Опис на границите на проектниот опфат:

- На север проектниот опфат граничи со постојна улица на кп 2825/2.

- На исток се граничи со кп 892/3.

- На југ граничи со соседните кп 891/1.

- На запад граничи со кп 890/4.

 

Површината на проектниот опфат е 991.77 м2

Границата на проектниот опфат е прикажана во графичките прилози, а пресечните точки на границата на проектниот опфат и координати се следни:

 

1. X=7548778.3441 Y=4650887.1234

2. X=7548732.3670 Y=4650879.8734

3. X=7548729.9200 Y=4650866.5500

4. X=7548729.8700 Y=4650866.3100

5. X=7548729.6800 Y=4650865.2600

6. X=7548772.0482 Y=4650857.1535

7. X=7548772.3800 Y=4650857.0900

8. X=7548772.6600 Y=4650858.5000

9. X=7548772.7800 Y=4650859.1000

 

Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во просториите на  Општина Илинден, преку информацискиот систем e-urbanizam и на општинската интернет страница.

Во определениот рок физичките и правните лица од конкретното подрачје опфатено со Архитектонско-урбанистичкиoт проект, субјектите кои ги вршат работите од областа на заштита на животната средина, заштита на културното наследство, заштитата и спасувањето, здравствената заштита, социјалната заштита, образованието, земјоделието, водостопанството, транспортот и врските, воздухопловството, безбедноста, јавните патишта и субјектите надлежни за изградба и одржување на сообраќајна, водоводна, канализациона, електроенергетска, телекомуникациска, топловодна и гасоводна инфраструктура можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.

 

ПРИЛОГ: 

Анкетен лист

Синтезен план

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013