Prijavi problem

ЈАВЕН ПОВИК за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови

Објавено на: 05.03.2018 - 15:38

Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка и донесување

на урбанистички планови

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистчко планирање 

(“Сл.весник на Република Македонија” бр. 199/2014, 44/2015, 193/2015 и 31/2016), Општина Илинден го издава следното:

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат граѓаните и правните лица на територија на Општина Илинден, дека се распишува 

 ЈАВЕН ПОВИК

за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови

  

  • Јавниот повик ќе трае од 05.03.до 06.04. 2018 год.

 

  • Во периодот на траење од 30 дена на јавниот повик, сите заинтересирани  правни и физички лица, може да достават иницијатива за изработка и донесување на урбанистички планови, и тоа:

 

-       УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ ЗА СЕЛА и

-       УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ ЗА ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО

 

Предмет на иницијатива може да биде донесување на нов Урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки Урбанистички план или Урбанистичка – планска документација со конкретен предлог од подносителот на иницијативата.

 

  • Јавниот повик ќе биде објавен на веб страната на Општина Илинден www.ilinden.gov.mk, на огласна табла во општината, во службено гласило на општината, во информацискиот систем е-урбанизам, и во дневниот весник   Вечер и Нова Македонија.
  • Иницијативите може да се доставуваат во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма, преку архивата на  Општина Илинден, во горе наведениот рок.
  • За доставените иницијативи, подносителите ќе бидат известени во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам, или во писмена форма, во рок од 15 дена од истекот на рокот за доставување на иницијативи.
  • Прифатените иницијативи од јавниот повик ќе бидат вградени во Годишната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Илинден за 2018.

 

  • Средствата за изработка на потребната документација за прифатените иницијативи треба да ги обезбедат правните или физичките лица кои се подносители на иницијативата.

 

ПРИЛОГ: БАРАЊЕ/ИНИЦИЈАТИВА за изработка на урбанистички план / урбанистичка-планска документација

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013