Prijavi problem

Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови

Објавено на: 23.02.2017 - 14:21

Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови

Врз основа на член 21 од Закон за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр.199/2014, 44/2015, 193/2015 и 31/2016) општина Илинден распишува:

ЈАВЕН ПОВИК 

за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови

Секое заинтересирано  правно и физичко лице во текот на јавниот повик може да достави иницијативи за  изработка и донесување на урбанистички планови и тоа : Урбанистички планови за села и Урбанистички планови за вон населено место.

Иницијативите може да се доставуваат во електронска форма преку информацискиот систем е–урбанизам или во писмена форма преку архивата на општина Илинден.

Предмет на иницијатива може да биде донесување на нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички план.

Јавниот повик трае од  23.01.2017 година до 10.03.2017 година.

За сите иницијативи  подносителите на иницијативите – правни и физички лица ќе бидат известени во електронска форма  преку информацискиот систем  е-урбанизам или во писмена форма, во рок од 15 дена од истекот на рокот за доставување на иницијативи.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013