Prijavi problem

Известување за изработка на урбанистички планови-за лоцирање на фарми

Објавено на: 12.07.2009 - 22:02

Со цел обезбедување јавност во постапката за планирање на  просторот во општина Илинден,  ги известуваме граѓаните и правните субјекти кои се занимаваат со земјоделска дејност дека во тек е изработка на Програма за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Илинден за 2009 година.

Особено ќе бидат добредојдени и со внимание ќе бидат разгледани Вашите ницијативи, насоки, и сугестии за изготвување на Урбанистички планови, односно предлози за локации надвор од градежното подрачје, за изградба на фарми и друг вид на објекти во функција на земјоделието.

Вашите предлози може да ги доставите секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот во Одделението за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина или на е-mail ilinden@ilinden.gov.mk  до 31.01.2009 година од објавувањето на соопштението.

На овој начин општина Илинден ќе овозможи поттикнување на развојот на земјоделството во општината, искористување на средствата од претпристапните фондови на европската унија, како  и усогласеност со европските нормативи и стандарди во планирањето и уредувањето на просторот и заштита на животната средина.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Инвестициските патишта водат кон општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013