Prijavi problem

Известување - Легализација на бесправно изградени објекти

Објавено на: 05.01.2018 - 08:27

Врз основа на Закон за изменување на Законот за  постапување со бесправно изградени објекти (Службен весник на РМ бр.190/2017), се информираат  граѓаните на подрачјето на општина Илинден за следното:

Право за легализација имаат сопствениците на објекти кои се изградени до 3 март, 2011 година.

1.  Имателите на бесправни објекти на кои заклучно со 3 март  2011 година се изведени градежните и инсталатерските работи во целост и истите претставуваат градежна и функционална целина можат да поднесат барање за утврдување на правен статус на бесправен објект од 01 јануари до 31 декември 2018 година.

2.  Барателите кои веќе поднеле барање за утврдување на правен статус на бесправни објекти  и им било одбиено барањето поради некомплетирана документација пропишана во членовите 6, 7 и 8 од Законот можат да поднесат ново барање за утврдување  на правен статус на бесправен објект во рок од шест месеци од денот на започнувањето на примената на законот . (уверение за државјанство или копија од лична карта за физичко лице, односно копија од патна исправа за странско физичко лице, а за домашно и странско правно лице, извод од Централниот регистар на Република Македонија, односно од соодветната институција во државата во која странското правно лице има седиште; доказ за приклучок на комунална инфраструктура и/или сметки за јавни услуги (струја, вода итн.), а доколку бесправниот објект нема инфраструктурни приклучоци, изјава заверена на нотар дадена под кривична и материјална одговорност со која барателот ќе потврди дека бесправниот објект е изграден пред влегувањето во сила на овој закон и геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект со имотен лист за земјиштето на кое е изграден бесправниот објект и др.).

3. Барателите кои немаат  доставено Геодетски елаборат за утврдена фактичка состојба на бесправен објект до 31 декември 2017 година, можат да достават геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправен објект најдоцна до 30 јуни 2018 година.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2018“
ilinden.gov.mk © 2013