Prijavi problem

Изложба на уметници од општина Илинден

Објавено на: 22.12.2017 - 14:14

По повод Новогодишните и Божикните празници, во организација на општина Илинден, на 25 декември 2017 година (понеделник) во 12:00 часот во Домот на култура „Илинден”, ќе биде отворена изложба на дела на уметниците од општина Илинден.

Ова е трета ваква изложба на која се претставуваат уметниците од општина Илинден“. Првата изложба се одржа во декември минатата година во Домот на култура „Илинден“, а втората во мај годинава, во Домот на култура „Марино“.

За време на изложбата специјална жири комисија ќе избере две најдобри дела, за чии автори како награда следува самостојна изложба во Домот на култура „Илинден“, што ќе се реализира во наредниот период.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2018“
ilinden.gov.mk © 2013