Prijavi problem

Исчистените одводни канали спречија да дојде до поплавувања во Општина Илинден

Објавено на: 27.02.2013 - 10:22

Отворените одводни канали во Општина Илинден го издржаа притисокот на надојдените води по неколкудневното невреме проследено со поројни дождови што ја зафати нашата земја. Во ниеден момент не беше доведена во прашање функционалноста на каналската мрежа во Општината, во должина од 120 километри.

Главна причина за тоа што не дојде до излевање на надојдените води и поплавување на околните површини е проодноста на отворените канали кои во изминатиот период  Општина Илинден во соработка со ЈП Водостопанство „Скопско Поле” континуирано ги чистеше.

Само минатата година со рачно и машинско чистење беа опфатени 23 километри од каналската мрежа.

Редовното одржување на отворените одводни канали и натаму останува еден од приоритетите на Општината во наредниот период.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Спортски викенд „Илинден 2017“
ilinden.gov.mk © 2013