Prijavi problem

Информација за поставување на урбана опрема-автобуски постојки

Објавено на: 12.07.2009 - 21:33

Општина Илинден продолжува со поставување на урбана опрема на својата територија. По завршувањето на првата фаза во која беше опфатено поставување на 3 автобуски постојки, поставување на канделабри на соларна енергија на спортскиот центар во населено место Марино, акцијата продолжува со поставување на нови 6 нови автобуски постојки.

Овие автобуски постојки ќе бидат поставени во населените места Илинден, Марино и Кадино.

Автобуските постојки ќе бидат поставени на места каде досега немаше поставено настрешници автобуски стојалишта,со што граѓаните кои ги чекаа автобусите немаа каде да се засолнат во случаи кога има невреме.

Со оваа акција Општина Илинден на своите граѓани ќе  им овозможи модерни автобуски постојки, ќе го подобри квалитетот на живеење како и воедно ќе допринесе кон урбан изглед на општината.



Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Инвестициските патишта водат кон општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013