Prijavi problem

Информација за одржување Open Football Schools

Објавено на: 12.07.2009 - 21:30

Отворени забавни фудбалски школи е хуманитарен, политички неутрален и непрофитен проект, организиран од страна на Cross Cultures Project Association, Копенхаген (ССРА) во соработка со Фудбалскиот Сојуз на Норвешка (NFF).

Под покровителство на Градоначалникот на Општина Илинден Г-дин Жика Стојановски и во организација на Младинската фудбалска школа Илинден, Општина Илинден во период од 13 до 17 Јуни 2007 година се вклучува во Програмата со организирање забавна фудбласка школа во која ќе учествуваат околу 200 момчиња и девојчиња на возраст од 7-12 години од сите социјални и етнички групи.

Проектот кој ќе се реализира на фудбалските терени во населените места Илинден и Марино, има за цел да го развива концептот на мултиетичност, полова еднаквост, спорт за сите, забава и базичен фудбал кај децата.

Во рамките на планираните активности од страна на Невладината, Хуманитарна организација Отворени Забавни Фудбалски Школи - Подружница Скоја, ќе се одржи Лидерски семинар на кој ќе учествуваат Лидерите и Претставниците на Општините од сите школи кои ќе се одржат во тековната  2007 година во Република Македонија и во Косово.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Инвестициските патишта водат кон општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013