Prijavi problem

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ДОГРАДБА НА НОВИ УЧИЛНИЦИ ВО ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО н.ИЛИНДЕН

Објавено на: 12.07.2009 - 22:08

Со цел да се обезбедат квалитетни услови за работа како и подобар квалитет на образовниот процес, општина Илинден ги отпочна градежните работи за реализација на проектот за реконструкција и доградба на основното училиште Гоце Делчев во населба Илинден.

Со реализација на проектните активности ќе се изградат две нови училници како и нови тоалети, со што ќе се овозможат услови за одржување на кабинетска настава во основното училиште.

Основното училиште Гоце Делчев е најголемото училиште на територија на општина Илинден во кое учат вкупно 1.068 ученици.

Финансиските сретства за реализација на Проектот се обезбедени од донација од Јапонската Влада во висина од 52.000 евра, како и средства од Буџетот на општина Илинден.

Целосното завршување на градежните работи се планира да бидат готови до мај 2009 година.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Инвестициските патишта водат кон општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013