Министерството за животна средина и просторно планирање согласно член 90 став 1 точка 3 од Законот за животна средина (Службен весник на Република Македонија бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013, 42/2014, 44/2015, 129/2015, 36/2016, 99/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 89/22 и 171/22), ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот ФРЕШ ФАРМ ДОО од Скопје достави Студија за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: Изградба на земјоделски објекти за интензивно живинарство во КО Мршевци, општина Илинден.

Јавнатa расправa по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот: Изградба на земјоделски објекти за интензивно живинарство во КО Мршевци, општина Илинден ке се одржи на 21 декември 2023 година (четврток), во зградата на Домот на култура Марино, општина Илинден, со почеток во 12.00 часот.