Prijavi problem

Граѓанско партиципативно учество во креирањето на Буџетот на Општина Илинден за 2018 година

Објавено на: 11.11.2017 - 14:00

Со цел поголема транспарентност и партиципативно граѓанско учество во процесот на буџетирање, се отпочна со работни буџетски форуми со граѓаните од населените места за дефинирање на Предлог-Буџетот на Општина Илинден за 2018 година.

Учесници на овие форуми се граѓаните, членовите на месните заедници, претставниците од бизнис секторот, претставниците на здруженијата на граѓани, членовите на Советот на Општината, како и општинската јавна администрација.

Со реализација на форумите што ќе се одржуваат во домовите на култура во сите 12 населени места ќе се утврдат и дефинираат приоритетни предлог-проекти и активности за работа за наредната година, согласно приходите на буџетот за 2018 година.

Вака подготвениот буџет за 2018 година, ќе биде предложен на усвојување до советниците на Советот на Општина Илинден од страна на градоначалникот, кој активно ќе се вклучи во работата на буџетските форуми.

Транспарентноста во креирањето на Буџетот за следната година, Општина Илинден ја практикува за да им излезе во пресрет на барањата и потребите на граѓаните, со единствена цел рамномерен развој на сите населени места  и овозможување на квалитетни услови за живеење на сите граѓани.

Распоредот на средбите по населени места:

Вторник  14.11.2017 година

Населено место

Локација

Час на посета

Илинден

Дом на култура

13:00 ч. 

Марино

Дом на култура

15:00 ч.

Кадино

Дом на култура

17:00 ч.

Мралино

Дом на култура

18:30 ч.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013