




Граѓанско партиципативно учество во креирањето на Буџетот на Општина Илинден за 2019 година
Објавено на: 21.11.2018 - 10:07
Почитувани граѓани, Ве известуваме дека на ден 22.11.2018 година (четврток) со почеток во 14:00 часот во Домот на култура Илинден, ќе се одржи средба со жителите на населено место Илинден . Средбата ќе се оствари со Градоначалникот на Општина Илинден г-дин Жика Стојановски, Членовите од Советот на Општината, Директорите на Јавните претпријатија и Јавните општински образовни институции и претставници на општинската администрација. Целта на средбата е со транспарентно и партиципативно граѓанско учество во процесот на буџетирање и креирање на Буџетот на Општина Илинден за 2019 година, согласно приходите да се утврдат и дефинираат приоритетни предлог-проекти и активности за работа на локалната самоуправа. Со Вашето активно граѓанско учество се придонесува во создавањето на квалитетни услови за живеење и одржлив локален економски развој на нашата Општина. |
LanguagesпребарувањеТеми во фокусот на вниманието
НастаниИзвестувања
ГалерииВидео
Континуирано инвестираме во подобар и поквалитетен живот за сите во општина Илинден
|
Остави коментар