Prijavi problem

Форум за Локален економски развој на општина Илинден

Објавено на: 19.12.2017 - 10:02

На 21.12.2017 година (четврток) од 14:00 до 16:00 часот во Домот на култура „Илинден“, во нас.Илинден ќе се одржи Форум за Локален економски развој на Општина Илинден.

На Форумот ќе биде извршена презентација на Стратешкиот план за Локален економски развој на Општина Илинден 2017-2021, а ќе бидат разгледани и можностите за реализирање на проекти од јавен интерес преку развивање и примена на концептот на општествена одговорност, во насока на создавање на квалитетни услови за живеење, работење и унапредување на животната средина.

Форумот за локален економски развој го сочинуваат претставници на бизнис заедницата, на владините институции, невладините организации и претставници на локалната самоуправа, кои со своето активно партиципативно учество придонесуваат за одржлив економски и социјален развој на Општина Илинден.

Форумот за Локален економски развој е формиран во 2005 година, по што беше изработен првиот Стратешки план за локален економски развој на Општина Илинден 2006-2011 година, а потоа и Стратешкиот план за локален економски развој на општина Илинден 2012-2016 година.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013