Prijavi problem

Форум за Локален економски развој

Објавено на: 14.12.2016 - 12:56

На 15.12.2016 година (четврток) од 14.00 до 16.00 часот во Домот на култура „Илинден“, во нас.Илинден, ќе се одржи Форум за Локален економски развој на Општина Илинден.

Форумот за Локален економски развој го сочинуваат претставници на бизнис заедницата, на владините институции, невладините организации и претставници на локалната самоуправа, кои со своето активно партиципативно учество придонесуваат за одржлив економски и социјален развој на Општина Илинден.

На Форумот, меѓу другото, ќе бидат разгледани реализираните акциони чекори и активности од Стратешкиот план за Локален економски развој на Општина Илинден, а е предвидена и отворена дискусија за можностите за подобрување на условите за инвестирање, во насока на создавање на квалитетни услови на живеење, работење и унапредување на животниот стандард.

Форумот за Локален економски развој е формиран во 2005 година, по што беше изработен првиот Стратешки план за локален економски развој на Општина Илинден 2006-2011 година.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013