Prijavi problem

Државно првенство на основните училишта во футсал-женски, во спортската сала „Гоце Делчев“

Објавено на: 21.02.2018 - 12:35

 

На 22.02.2018 година (четврток), со почеток во 11:00 часот, во спортската сала „Гоце Делчев“, под покровителство на градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски ќе се одржи завршниот турнир од државното првенство на основните училишта во футсал-женски.

На првенството што се реализира во организација на општина Илинден, Федерацијата на училишен спорт на Македонија и училишниот спортски клуб БРАМИЛ-Миладиновци,  ќе учествуваат екипите на ООУ „Браќа Миладиновци“ како финалист на град Скопје и ООУ „Ристо Крле“ како првак на Скопски регион, двете од општина Илинден, како и ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп, како првак на Западен регион и ООУ „Бајрам Шабани“ од Куманово како првак на Источен регион.

Финалето на првенството е закажано за 16:30 часот.

Пехари, медали и дипломи на најуспешните ќе им додели градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски.  

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013