Prijavi problem

Донесена измена и дополна на Буџетот на Општина Илинден за 2007 година

Објавено на: 12.07.2009 - 21:40

Општина Илинден е една од 42 општини во Република Македонија која успешно влезе во втората фаза од процесот за фискална децентрализација.

Извршената анализа на приходите во Буџетот на општината во првите 8 месеци од тековната година, покажа зголемување на приходите во однос на планираните, со што  Советот на Општина Илинден на Триесет и првата седница одражана на 17.09.2007 година го донесе Изменувањето и допулнувањето на Буџетот на Општина Илинден за 2007 година.
Новиот проектиран Буџетот на Општина Илинден за 2007 година од палнираните 63.420.000,00 денари ќе се зголеми на 98.000.000,00 денари.

Планираните даночни приходи во Буџетот на општината, во периодот до 31. Август од тековната година остварени се за 80%. Воедно Буџетот ќе се зголеми со финансирањето на основното образование каде што наместо со наменска дотација ќе се врши со блок дотација. Исто така одобрени се и сретсва од Министрество за животна средина и просторно планирање во висина од 1.400.000,00 денари за реализирање на Проектот ,,Управување и третман на биолошкиот отпад на територија на Општина Илинден“ .Со изменувањето и дополнувањето на Буџетот на Општина Илинден за 2007 година се планира приходите да се зголемат за 54,50 %.

Како резултат од планираното зголемување на приходите се планира и зголемување на расходите за извршувањето на функциите на општината во Измената и дополната на буџетот на Општина Илинден за 2007 година.

Зголемените средства за расходи насочени се кон: уредување на просторот околу Спортската сала Гоце Делчев, како и инвестиции во делот на спорт и рекреација, Одржување на локална патна инфраструктура, обезбедување на урбана опрема, зголемување на средства за одржување на улично осветлување и набавка на комунална опрема-канти за смет за домаќинствата, како и во делот на заштита на животна средина со одвојување на стредства за Проектот ,,Управување и третман на биолошкиот отпад на територија на Општина Илинден“. Со овие измени и дополни на Буџетот на Општина Илинден во целост ќе се исполнат и реализираа планираните активности за тековна 2007 година.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Инвестициските патишта водат кон општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013