Prijavi problem

„Слатка мистерија 2018“ во Домот на култура „Илинден“

Објавено на: 15.02.2018 - 12:52

Општина Илинден на 16.02.2018 година (петок), во домот на култура „Илинден“ ќе биде домаќин и покровител на традиционалната 12-та по ред хуманитарна манифестација Тортијада „Слатка мистерија 2018“, што се организира во соработка со Хуманитарната организација Ангелчиња – ХОА.

Тортијадата на која ќе учествуваат аматери и професионалци слаткари, претставници на неколку општини, ќе се реализира во два дела-ревијален што ќе почне во 16:30 часот и официјален дел што ќе почне во 20:00 часот.

Во ревијалниот дел од 16:30 до 19:00 часот граѓаните ќе можат да ги разгледаат изложените торти и да гласаат според нив за најдобрата. Притоа, ќе можат да ја проследат културно-уметничката програма подготвена од учениците и децата од градинката од општина Илинден.

Во официјалниот дел што почнува во 20:00 часот ќе бидат избрани најдобрите торти во професионална и аматерска конкуренција, при што ќе се изврши лицитација на истите.

Средствата собрани од лицитацијата на тортите ќе бидат наменети за хуманитарното Здружение на граѓани и лица со хендикеп „Илинден“, од општина Илинден.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013